Ветувања за мојата идна сопруга

Не ја запознав на кој знае каков спектакуларен начин. Таа беше другарка на девојката на мојот најдобар другар. Ја знаев со години и никогаш немав забележано колку е прекрасна, се до еден пеколен летен ден.

vetuvanja-za-mojata-idna-sopruga-01.jpg

Возеше пред мене, брзо, прецизно и адреналински. Наеднаш застана на автопатот. Едвај закочив и излегов подготвен да се карам. Но, тогаш ја видов беспомошна, уште понервозна од мене.

„ Нешто не е во ред со автомобилот“ – ми рече.

И помогнав да го тргнеме од патот и по логика на нештата требаше да и помогнам да го реши проблемот. Но, бидејќи не се разбирав од автомобили, не знаев што да направам.

Таа не ни очекуваше помош од мене. Со неколку телефонски повици и инструкции од нејзиниот татко си го среди автомобилот. Ми се заблагодари за друштвото и одјури по патот.

Цел ден размислував за неа. И вечерта кога си легнав, и наредниот ден...

Ја поканив на кафе, прифати. По неколку средби таа веќе беше моја девојка.

По неколку месеци таа веќе беше моја вереница.

За месец дена таа ќе биде моја сопруга, а се надевам дека за многу брзо ќе биде и мајка на моите деца. Но, имам нешто да и ветам за да се искупам за случката со автомобилот...

Мила моја, ти ветувам дека ќе бидам сопругот за која отсекогаш си мечтаела, грижлив, внимателен и романтичен. Ништо не ме чини бакнеж за добро утро, прегратка, насмевка. Ќе ти купувам цвеќе, и за во вазна и саксиско.

Ти ветувам дека кога ќе бидеш настината ќе ти приготвувам супа. Тоа е единственото нешто што знам да го направам во кујната. Добро, ако треба ќе барам и рецепти на интернет за твоите омилени колачиња.

Можеш да бидеш сигурна дека никогаш нема да ти недостига нешто. Ќе го имаш моето време и внимание. Секојдневно, по неколку пати.

Ти ветувам дека ќе ти помагам околу домашните обврски. Ете, можеби не знам да поправам автомобили, ама знам да метам со правосмукалка. Знам да избришам и прашина.

Биди убедена дека ќе бидам најдобриот татко. Ќе ги чувам нашите деца, ќе ги хранам, ќе ги учам да одат, да зборуваат, да читаат, да пеат, да свират на виолина, да сонуваат. Ќе штедам за нивната иднина. Ќе се потрудам да им го дадам се она што моите родители не успеале.

Ти ветувам дека ќе те сакам, секој ден, се до крајот на мојот живот. Ти ветувам дека секое утро штом се разбудам покрај тебе, одново ќе се заљубувам во најпрекрасната личност на овој свет.

Ти ветувам дека ќе ги одржам сите ветувања.

Автор: М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg