Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Можеби некогаш, во некој друг свет и друго време

Претпоставувам, вистина е она што сите го зборуваат. „Работите може да се одвиваат во сосема погрешно време.“

mozebi-nekogash-vo-nekoj-drug-svet-i-drugo-vreme-01

Му го кажувам ова и тој полека и мрзеливо се врти на мојата страна и со кружни движења го допира мојот грб.

„Не.“ – Ми возвраќа.

И додека се смеам тој полека го закопува неговото лице во просторот меѓу моето рамо и вратот. Можам да го почувствувам неговиот здив кој доаѓа од неговиот нос на мојата кожа и прави да чувствувам неизмерна возбуда. И само си замислувам дека одеднаш во далечината започнува „Crazy in Love“.

Овие работи се случуваат, мислам. Овие работи навистина знае да се случат.

Се прашувам уште колку долго можеме да останеме во кревет додека општеството не започне да поставува незгодни прашања и да ги превртува очите. Дали ќе забележат луѓето? Дали мајка ми ќе побара потера со куп листови со мојата слика и доле прашање „Сте ја виделе ли оваа девојка“? Можеме да останеме засекогаш во овој наш мал универзум?

Ме опсипуваат сите тие мисли и одеднаш си велам на себеси: „Заборави, кому му е грижа, тебе сигурно не“. Заборави на одговорностите и однесувањата на возрасен човек. Тој е тука покрај тебе, во кревет и за некој кој не сака да го споделува креветот како мене, одеднаш ми се навртува помислата колку би било тешко сега да си замине од тука, да ме остави сама...

Ми се чини дека болката ќе биде и физичка.

И знам дека имаме рок на траење, дека сево ова е нешто како летна забава. Забава која мислев дека добро ќе ми дојде. Мислев дека ми треба нешто едноставно. Мислев дека ми треба забава и жештина. Сакав некој да биде покрај мене сосема на кратко.

И одеднаш како гром од ведро небо сфатив дека тој не е само забава. Ние бевме забава која полека мина во нешто сериозно.

Но, времето... Времето беше погрешно.

Ме бакнува по чело и сакам да го замолам да не си оди. Си замислувам како одеднаш се креира сосема поинаков универзум во кој јас и тој сме заедно, но тоа е невозможно. Јас го знам тоа, Тој го знае тоа. Сите го знаеме тоа.

Но, сега за сега, ние сме љубовници. Сега за сега постоиме во еден универзум заедно. Засекогаш заедно...

И како би сакала да постои тоа „Ние“ уште малку подолго...

Би можело да ве интересира:

Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Мојата мајка работеше кај човек со 60 бензински пумпи, за минималец - за плата од 150 евра“ „Мајка ми работеше како чистачка и чистеше сè живо. И пеглаше, и беше декоратер,...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Мојата најдобра другарка мисли дека сум ѝ дадилка - веќе не сакам да ѝ го чувам бебето“ „Никој од нејзиното семејство, па ни нејзината мајка, не сака да ѝ помогне зашто...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg