Што сè добрата девојка може да научи од лошото друштво?

Добрата девојка по дефиниција е замислена од општеството како личност која знае да се разликува од поимот „добар човек“ затоа што тој може да има лоши епизоди, може да биде неодговорен и да не го контролира своето однесување, но има добра душа.

shto-se-moze-da-nauci-dobrata-devojka-moze-da-nauci-od-loshoto-drushtvo-001.jpg

Добрата девојка, за разлика од овој поим подразбира личност која нема никакво ексцентрично ниту екстремно однесување кое се коси со општествено прифатливите сфаќања за тоа што е добро однесување.

Тоа однесување не е одлика на нејзината природа, туку на воспитувањето, научената самоконтрола и чувството на вина посебно кон родителите кои и овозможиле сè. Таа не сака никој да се грижи за неа, ниту пак некому да му пречи со непристојно однесување.

Добрите девојки во основа се и прилично интелигентни личности кои знаат кога нешто не е во ред. Тие не дигаат прашина околу себе, не се причина за осуда и коментари, ниту пак се однесуваат поинаку од она што е општо прифатено.

Со еден реченица – Не сакаат во ниту еден случај да ризикуваат.

Кога се менуваат? Најчесто кога ќе наидат на слобода и ја напуштаат средината која претходно им ги наметнувала општествените сфаќања до степен на постојана работа на грижата за совест.

Понекогаш наидуваат и на лошо друштво – термин кој го употребуваат родителите за да изкажат загриженост кон ризичните однесувања кои добрата девојка започнува да ги практикува.

Но, во основа, од лошото друштво може да се научат и добри работи. Прифаќање на различноста, на пример.

Дружењето со оние кои пропагираат поинаков и различен систем на вредности, не значи неминовно дека таа ќе биде под нивно влијание, туку развивање на толеранција.

Добрата девојка, која умее добро да размислува и да ја процени ситуацијата ќе сфати кои работи треба да ги прифати и да ги проба, а кои да ги избегне.

Бунтот јасно е добредојден и ослободувачки за некој кој никогаш немал можност за излезе од границите на „прифатливото“ доколку се применува разумно и дозирано.

Она што за другите е императив, за неа е новина која мора да ја проба секако во степен кој нејзе и одговара, бидејќи секако нема ништо „кул“ во работите кои со сила се применуваат и кои самата девојка не ги смета за правилни.

Магијата на забранетото не треба да се потценува, но не треба да се заборави и на тоа што значи да се биде продуктивен и да се прават оние работи кои се одобрени и кои очигледно го олеснуваат животот.

Добрата девојка така има можност да научи да се релаксира и да си дозволи да биде неодговорна и неконтролирана.

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg