Почни да припаѓаш

Се чувствуваш ли некогаш како да живееш во свет во кој не припаѓаш? Свет во кој не гледаш лица, гледаш маски. Не чувствуваш хармонија, чувствуваш апатија. Сакаш да избегаш, а заробен си од прангите на општеството кое го деградира твоето јас. Посакуваш промена и тоа веднаш. Ги гледаш празните души на милионите индивидуи и ти гори некој непријатен оган во градите поради невозможноста да извикаш на цел глас:

pocni-da-pripagas-1.jpg

- Еј разбуди се! Не е розово тоа што го гледаш пред себе! Кај ти е духовноста? Од кога материјалното почна да владее во тебе? Погледни кон луѓето со истата страст и жар како кога пребројуваш денар по денар од месечната плата. Верувај има нешто и повредно од тоа. Имаш една обврска која ја негуваш додека си жив – обврската да бидеш човек. Биди богат. Исполни го својот дом со најголемите богатства кои можеш да ги освоиш. Живеј луксузно и скапоцено, а злато нека биде првото нешто што ќе го здогледаш наутро.

Мојата филозофија е сепак поинаква. Јас сакам да живеам исполнето, среќно, а очите кои ги љубам да бидат првото нешто што ќе го здогледам наутро. Моето богатство е поголемо од твоето и секогаш ќе биде тука. Ти држи се до она што утре ќе го немаш и буди се сам, без вистински вредности, без насмевки, без поезија.

Но ти не можеш да ја собереш храброста и да извикаш. Што правиш наместо тоа? Си го продолжуваш патот со сивите мисли заробени длабоко во тебе. Бараш човек или барем истомисленик, но на крај се затвораш во удобноста на својот дом кај што единствено владееш над парче хартија. Очајно и депресивно. Црно на бело ги запишуваш твоите идеи обоени со боите на виножитото. Идеи кои ја греат душата, го допираат срцето и го будат умот.

Наредниот ден, истата меланхолија го обвива она последното парче оптимизам што остана во тебе. Разочараноста во светот и луѓето во него направи да не ја гледаш чашата полупразна, туку сам да ја испразниш.

И што постигна? Стана обичен смртник како сите оние кои ги жалеше поради нивните неисполнети животи. Премина на другата страна, несвесната, безнадежната. Браво, дополнителни поени те следуваат поради несигурноста.

Сега застани. Погледни во себе, промената само таму ќе ја пронајдеш. Направи душевна револуција на твоето битие и погледни како светот автоматски се менува. И ја сум само човек кој се обидува да опстане во свет кој со брзина на светлината го губи разбирањето кон дефиницијата за човек. Не си сам. Продолжи таму кај што општеството те запре. Почни да припаѓаш.

Автор: Патриција

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg