Дечко, самодоверба за мене!

decko-samodoverba-za-mene-01.jpg

- Девојче, девојче застани ти падна нешто.

Почна да се врти збунето. Се фаќа те за коса, те проверува некој прстен да не и испаднал. Па ме погледнува бледо.

„Ништо скапоцено што сметаш дека те прави убава драга моја, туку она што вистински треба да зрачи неприкосновена убавина.“

Несигурно ја подигнува десната веѓа, сè уште не сфаќа.

„Не разбирам, рековте ми паднало нешто.“ - прашално ме погледнува.

„Самодовербата драга, не можам да не забележам дека ти паднала. Ама толку си се откажала од неа, речиси во дупка без дно си ја изгубила.“

„Не можев, а да не забележам девојка како тебе. Некултурно би било дури и воопшто да се обидам да ја погодам возраста. Но, можам со сигурност да кажам дека изгледаш феноменално.“

„Атрибути - сите кои би посакала една девојка да ги има. Убавина - неспорна. Начинот на облекување зборува многу за твојот личен животен стил. Можам да заклучам дека си девојка со високи стандарди. Самиот твој начин на одење сведочи за истото. Не си обична, во тоа секој би се сложил. Животот бил доста дарежлив со тебе на секое поле, а чинам ти за тоа дури ни свесна не си.“

„Без оглед на самоуверените големи чекори кои ги правиш, драга не можеш да ја прикриеш несигурноста. Те издаваат очите, најголеми сведоци се за твојата душа. Како да сведочат за она време од животот кога некој успеал дрско да те убеди дека не си доволна.“

„А тебе тоа толку длабоко ти се всадило во потсвеста што ти станало начин на размислување, личен став."

Ги прекрсти рацете, подголтнa, сакаше уште да слуша.

- Зарем никој не ти кажал, продолжив, дека џабе ти е се без вербата во себе? Па од што си ја оставила да зависи? Од чии погледи, од чии комплименти? Зарем не е неблагодарно кон се што си и што поседуваш, да оставиш да зависиш од некој друг? Чие внимание ти е потребно за да се увериш во својата вредност?

- Мила, па ти зарем не си слушнала за завист? Сè уште ли наивно веруваш дека човек несебично ќе те опсипе со комплименти? Не. Тоа е нешто што треба самата да си го пружиш. Самата најдобро знаеш колку си поминала, сите ситуации во кои си извојувала победа. Само ти најдобро знаеш колку душевни рани си исцелила.

Се насмевна благо, како да се присети на нешто.

„И сега, покрај сè ти треба нечие одобрение дека си доволно добра? Светот нема да ти го даде никогаш, без оглед на што и да направиш, доколку не си го дадеш на себеси. А и не е должен, никој не е должен. Зарем мислиш дека некој таму, чека од тебе потврда?“

„Сите се борат со свои демони, секој е презафатен со обидот да се излечи себеси самиот. Затоа својата верба не смееш да ја ставиш во било чии раце.“

„Насмеј се драга, подигни го тоа убаво главче и верувај. Верувај во заслужен позитивен исход, верувај во својата моќ да постигнеш се што твоето срце посакува. Следи го, секогаш ќе те одведе на вистинското место.“

Никогаш, на никој не верувај кога ќе те опишат како „премногу ова“ или „премалку она.“

„Па зарем не си слушнала дека тоа е рефлексија на нивните лични ограничувања? Имаш во себе повеќе љубов и поголема љубезност од целиот свет, запомни го тоа. Нека ти биде најсилното оружје и нека те води. Остави во минатото сè што само таму и припаѓа и создади си иднина за која сонуваш.“

„Не знам, ама кога те видов, проценив дека ја имаш моќта.“

И се насмевнав благо, ја погалив по рамо.

Вкочането изусти: - Не знам како да Ви се заблагодарам за ова.

- Јас знам, се насмевнав. Само послушај ме.

Автор: Софија Филиповска

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg