Зошто ги криеме годините: Година дена постари или година дена подобри?

Бонтонот не учи дека дамите не се прашуваат за години, но дали некогаш сте се запрашале зошто овој факт е општо прифатен? Зошто би требале за поцрвенувате ако веќе сте наполниле 30 години или ако сте стапнале во 5-та или 6-та деценија од животот?

zoshto-gi-krieme-godinite-godina-dena-postari-ili-godina-dena-podobri-01.jpg

Никогаш нема да бидеме помлади одошто во овој миг и со самиот тој факт мораме да се помириме. Стареењето е неизбежно и нема да го сопре ниту една пластична операција или комбинација на облека која ќе направи да изгледате како млада девојка.

Но, истото така не дозволувајте општеството да ви кажува што е правилно, а што не – што можете да облечете, а што не. Не дозволувајте другите да ви кажат што е соодветно за вашите години, бидејќи некои луѓе се стари во своите 20-ти, а некои сè уште се млади и во своите 50-ти.

Ако сакате да носите хеланки и во поодминатите години не дозволувајте другите да ви кажат дека сте престари за тоа.

Но, носете ги само тогаш кога се чувствувате млади во душата, а не за да им покажете на другите дека сè уште сте млади.

Легнете на хируршката маса тогаш кога чувствувате дека тоа ќе ве направи среќни и задоволни однатре тогаш кога ќе се погледнете во огледалото, а не тогаш кога се огледувате во туѓите очи.

Холивуд како машинерија која произведува филмски ѕвезди и пејачки кои имаат големо влијание на светската популација која сака барем за момент да го живее гламурозниот живот на богатите и славните, ни испраќа порака дека треба да останеме во нашите 20-ти.

Младите модели на модните писти носат облека која е наменета за оние кои завршиле факултет и бараат работа.

Блокбастерите се резервирани за оние кои се во своите 20-ти кои тек сега се запознаваат со оној Вистинскиот.

Музичкиот шоу бизнис изобилува со млади детски ѕвезди кои немаат наполнето ниту 20 години...

Добро, ако сите тинејџерки сакаат да изгледаат и да се чувствуваат како некоја згодна русокоса со порцеланска насмевка, што е со оние кои одамна го поминале својот пубертет?

Зошто жените го прифатија стареењето како најголема клетва која некој може да си ја замисли? Зошто изгледот не треба да се менува од деценија во деценија? Зошто ви е потребен судот од некој кој е далеку помлад од вас и кој има уште многу време додека прошета во вашите чевли?

Ако имате брчки на лицето, тоа само значи дека вашиот живот ви е нацртан на лицето. Тоа што имате неколку линии околу очите или усните е знак дека сте пожртвувана мајка која не спиела многу ноќи за вашите најмили да можат да заминат сити и испеглани на училиште и работа.

Знак дека сè сте направиле сами во животот.

Тоа е знак дека сте сакале и сте изгубиле, дека сте виделе и слушнале и откриле многу работи во животот.

Знак дека сте созреале...

Дали би ја менувале вашата зрелост и целиот ваш живот за повторно да бидете истата онаа личност која сте биле во вашите 20-ти?

Дали би ги менувале вашите широки колкови и стриите на стомакот и децата да не бидат дел од вашиот живот?

Кеира Најтли по породувањето изјавила: „Во природата на секоја жена е да мрзи барем еден дел од своето тело. Ако ништо повеќе, барем постојат оние периоди во животот кога се гледате во огледалото и посакувате да имате потекни нозе или било што друго што во тој момент ви пречи“.

„Но, кога минувате низ целиот процес на бременост и породување и да го доите вашето тело, сфаќате колку вашето тело е неверојатно. Никогаш повеќе нема да го презирате своето тело, бидејќи ви го дало најубавиот дар кој некогаш сте го посакале“ – додава.

Сами проценете што сакате повеќе, но имајте на ум дека секоја година која посакувате да исчезне е година на изгубена љубов, среќа и искуство.

Немојте да бидете дел од оние жени кои Оскар Вајлд ги потсмевал во својата драма „Важно е да се викаш Ернест“ кога напишал:

„35 години е привлечно животно доба. Лондон е полн со жени кои по својот сопствен избор со години останале во своите 35. Лејди Дамблтон е одличен пример. По мое знаење, таа има 35 години уште кога наполни 40, а тоа се случи многу одамна“.

Би можело да ве интересира:

Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg