До љубовницата на мојот сопруг: Мислев дека конечно се ослободив од тебе...

Откако дознав дека ти си љубовницата на мојот сопруг, имав желба да ти го кажам ова..

draga-ljubovnice-sega-konecno-mozam-da-ti-kazam-shto-mislam-01.jpg

„Не се грижи, ќе биде кратко.

Не мислев дека повторно ќе имам можност да те сретнам. Мислев дека си замина засекогаш. Мислев дека конечно се ослободив од тебе, но судејќи според трагите од капки солзи и миризбата на ниска самодоверба сфатив дека тоа не е вистина.

Некако успеа повторно да се вратиш назад од темнината каде ги пратив сеќавањата од тебе. Мора да си го чекала совршениот миг за повторно да се појавиш. Тогаш кога ми се чинеше дека постои надеж за работите да станат подобри. Не можам да кажам дека не е добро што те гледам. Но, веројатно тоа е така.

Сега конечно можам да ти кажам што мислам за тебе. Сега ја имам можноста да те ставам на твоето место. Ти не припаѓаш тука. Ти не припаѓаш на оваа празнина која се наоѓа некаде меѓу одобрувањето и одбивањето. Не припаѓаш на „паузата“, на „маглата“. Не припаѓаш на просторот „можеби“, на „не сум сигурен“, на „додека не дојде нешто подобро“. Знам дека можеби дека ти се чини дека припаѓаш тука, дека ова е твој дом, но ова не е твој дом. Знам дека си навикната на овие ѕидови. Те знам.

Знам дека своеволно си подготвена да ја дадеш твојата љубов на оние кои не би се двоумеле да ја фрлат, затоа што си преплашена од помислата што би се случило ако некој те сака и тебе.

Знам дека се вплеткуваш со мажи кои те третираат како појдовна точка кон некоја подобра дестинација. Знам дека нив ги обвинуваш. Но, тие не се твоите непријатели, твоите чудовишта и злобни манипулатори.

Ти си виновна што се наоѓаш овде. Само себеси можеш да се обвиниш. Не си жртва на никој друг, освен на сопствените сфаќања. Животот ти дава само онолку колку што си ти способна да дадеш. Ако не го цениш своето срце, она срце кое отчукува во твоите гради и ничии други, нема никој друг да го цени.

Знам дека лажеш. Знам дека сакаш повеќе одошто добиваш. Знам дека сакаш нешто вистинско, некој што ќе возврати на твоите емоции. Знам дека сакаш да бидеш сакана. Знам дека е страшно да побараш љубов, но знам дека ја посакуваш.

Токму затоа, морам да ти го кажам ова, иако можеби нема да веруваш во него... Ти можеш да бидеш сакана и си сакана. Не си втор избор. Не си резервен план. Не си објект за злоупотреба. Не си хоби. 

Ти си некој на кој некој да му се восхитува. Ти си некој кој треба да биде обожаван. Не треба да се согласуваш на половично внимание.

Заслужуваш целосна љубов. Заслужуваш нежни разговори на твоето уво. Заслужуваш одржани ветувања.

Можеш да ја научиш разликата меѓу она што е илузорно и она што е автентично. Можеш да научиш да веруваш на својот инстинкт. Не мора повторно да се почувствуваш искористено.

Ти си секогаш сакана од бескрајното присуство кое те создало. Наречи го Бог, Универзум, наречи го како сакаш. Животот те создал токму таква каква што си. Те сака таква каква што си. Можеш да ја почувствуваш оваа љубов секојпат кога ќе посакаш. Секогаш постои и е лично твоја. Ти си поврзана со целиот живот. Имаш љубов само за тебе, но никогаш не си дозволила да ја имаш.

Некогаш животот ќе ти донесе друга личност која те цени повеќе одошто се цениш самата себеси.

Спротивно на она што го мислиш, не те мразам. Верувам во тебе и се надевам дека ќе успееш во животот.

Бидејќи, јас бев ти. Бидејќи, те сакам и нè сакам нас.

Со почит и бескрајна благодарност,

Сопругата“.

Би можело да ве интересира:

Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Едина Муса за CRNOBELO лексикон: „Најубаво место на светот ми е дома со саканите“ „На 5 години сама отидов да ја земам сестра ми од школо, а притоа само излегов о...
Од Македонија го пропатував половина свет - Што научив од моите соло патувања? Како да беа вчера деновиве кога сам кампував низ различни земји, кога без интерн...
Први април: Наместо ден на шегата, се претвори во натпревар кој повеќе пари ќе потроши за правење ма... Кога јас бев дете, едвај чекав да станам овој ден и да почнам со „лаги и шеги“ н...
„Бев во кино во Битола и се разочарав од нашата некултура - седиштата преполни со отпад, гласни разг... Расфрлени пуканки насекаде, празни ќеси и конзерви од пијалаци. Седиштата беа пр...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg