Има еден грст луѓе, кои богатство во себе носат – но ништо ако не умееш да го „земеш“

ima-eden-grst-lugje-koi-bogatstvo-vo-sebe-nosat-no-nishto-ako-ne-umeesh-da-go-zemesh-01.jpg

Некои луѓе во себе носат богатство, некои луѓе се малку поинакви од другите и токму тие луѓе имаат многу да ти дадат.... Но, треба да знаеш и умееш како да земеш.

Треба да знаеш да ги инспирираш и мотивираш за да ги запознаеш сите светови кои во нив се сокриени.

Треба да знаеш како да гребнеш под површината, што да направиш, што да кажеш, како да пристапиш.

Поинакви се тие, кај нив работите поинаку функционираат.

Некогаш ќе премолчат и што ги боли и што ги радува. Но, ти ќе треба да знаеш да ги прочиташ.

Светот може да ти го сервираат, само ако знаеш крилјата како да ги инспирираш да ги рашират.

И ако не знаеш, ништо... Сите нивни светови во главата изживеани за тебе нема да бидат пристапни.

Сите нивни мисли, зборови... со тебе ќе останат несподелени.

Не се тие обични.

За нив ти треба малку повеќе ум, малку повеќе промислување, малку поинаков пристап.

И комплексни се. И душата од убавини им се храни, и од пофалби, и од тоа кога се ценети, кога се наградени, кога се препознаени, кога се на пиедестал ставени.

Тие се неизбрусен дијамант и не секој може во „длабокото“ со нив.

Инспиративни се како размислуваат, како делуваат, колку се поинакви, какви се непредвидливи.

Но, не за секого.

Само за оние кои вистинска вредност можат да препознаат.

Другите на две очи, ширум отворени, слепи ќе останат.

И богатството што пред нив блеска, невидено ќе им остане.

Но, на крајот од денот нема ни да ги боли. Затоа што всушност не ни знаеле што имале, односно што можеле да имаат.

Онакво нешто кое еднаш се среќава, а за навек животот ти го менува.

Личност со искра во очите, кои тие за жал не успеале да ја распламтат и да го извадат максимумот од неа, не успеале во таа личност огнови да разгорат.

А имале шанса, не дека не...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg