Среќна личност не можете да станете преку ноќ, треба да работите на себеси

Да не се лажеме не постои формула која функционира како магично стапче кога ќе посакате среќен живот веднаш да го добиете.

Srekjna-lichnost-ne-mozhete-da-stanete-preku-nokj-treba-da-rabotite-na-sebesi-01.jpg

Среќниот живот не се добива на лотарија, морате самите да го изградите. Чекорите кои сега ги преземате влијаат на случувањата утре.

Затоа, треба да бидете одговорни за своите постапки.

Прифатете ги промените

Ако сте незадоволни во животот со нешто, запрашајте се колку долго е тоа така и дали нешто се променило во тој период. Ако забележите дека работите едноставно не одат повеќе, тогаш обидете се да откриете нови начини како да си го подобрите животот. Тоа може да значи промена на работно место, град или врска...

Промените знаат да бидат тешки, но тоа не значи дека се лоши!

Ако се плашите да преземете нешто ново, следете ги зборовите на Џим Кери: „Може да не успеете во нешто што не го сакате, затоа не плашете се да ги правите работите кои ги сакате.“

Не смее стравот да ве запре.


Бидете си поддршка самите на себе

Себеси сме си најголеми критичари. И тоа до некаде е во ред, само не смеете да претерувате. Лоши работи се случуваат и понекогаш вие не можете да ги спречите, тоа не треба да ве исфрли од колосек.

Она што вие може да го направите е да согледате што сте направиле погрешно и на научите како да постапите следен пат. Засрамувачките моменти, грешките и недостатоците не служат за да се „удавите“ во нив, туку да научите нешто за следен пат.


Останете на патот

За да станете задоволни со себеси потребна е посветеност. Да знаете кога треба ги промените работите во животот е позитивна карактеристика, но постојано да одите од една на друга страна е проблем. Кога учите од сопствените грешки е многу потешко, но и наградите за успехот кој следи се поголеми.

Кога ќе ви се појават пречки на патот, обидете се да ги лоцирате, а не да избегате од нив.

Би можело да ве интересира:

10 грешки во македонскиот јазик што ги правиме често, а поради кои изгледаме неписмени Не се вели базент, туку базен, и не одиме во ресторант, туку во ресторан. Ова се...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Леле оној неамбициозен, онаа само на шетање мисли - „Кадијо“, пронајди ја среќата во себе и имај сво...   „Кадијо, што судиш за туѓите живот! Денес здравата психа е благослов од ...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми о... „На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg