Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да престанете залудно да го трошите своето време?

Бидете независни, верувајте им на вашите инстинкти и грижите се за себе. Како да се инспирирате да престанете да го трошите своето време и да преземете контрола врз вашиот живот?

kako-da-prestanete-zaludno-da-go-troshite-svoeto-vreme-01.jpg

Имајте хоби. Да имате хоби е добро за вас, освен ако е нешто на што трошите многу време. Хобијата се добри за опуштање, уживање и лична сатисфакција. Изберете го тоа што навистина го сакате и за кое имате доволно време.

Бидете инспирирани од себе. Сакајте се себе си и бидете среќни и задоволни од тоа што сте. Ако го трошите вашето време, бидејќи сте незадоволни со нешто што не можете да го промените за себе, непотребно губите време.

Научете како да го сакате секој детаљ од себеси и ако сте навистина несреќни поради нешто, направете сè што можете за да го подобрите. Бидете инспирирани од вашиот живот, направете нешто што изгледа неостварливо, бидете најдобри во нешто, тоа ќе ве натера да мислите дека сте непобедливи.

Сакајте ја својата работа. Работата треба да ви се допаѓа, бидејќи работата е нешто што најчесто може да ве повлече надолу. Ако не ви се допаѓа вашата работа, не треба да го губите времето правејќи го она во што не уживате.

Сакајте си го семејство. Научете како да бидете благодарни за вашето семејство, бидејќи тие секогаш ќе бидат тука за вас.

Создавајте пријателства. Дружењето е важно, бидејќи луѓето се социјални суштества. Јавете им се на старите пријатели, викнете ги на вечерa, кафе или пиво. Поврзете се со другарите со кои не сте се виделе долго време. Тоа е барем едноставно денес со помош на социјалните мрежи, Skype, или Viber.

Учeтe нешто ново секој ден. Учењето го одржува нашиот мозок во кондиција. Не треба да губите многу време на тоа, процесот е многу едноставен, прочитајте книга за нешто што не ви е многу познато, било да се работи за историја, биологија или за нешто како автомобили или како да се танцува, свири инструмент или пее.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Барбара Поповиќ за CRNOBELO лексикон: „Се плашам од осаменост“ „Избегав преку тераса од дома за да одам на роденден зошто имав мал излез, но та...
Има еден грст луѓе, кои богатство во себе носат – но ништо ако не умееш да го „земеш“ Некои луѓе во себе носат богатство, некои луѓе се малку поинакви од другите и то...
„Го оставив сопругот бидејќи со него се чувствував како самохрана мајка“ „Го оставив за многу причини, но најмногу бидејќи никогаш не ги подготви децата ...
Писмо до мојот сопруг: Пред да заврши годината, сакам да ти се заблагодарам за сè Ти благодарам за тоа што ние секогаш сме ти на прво место и за силата што ја пок...
5 кратки раскази, кои се помоќни од цела книга Секоја ноќ одиме во кревет, без некаква сигурност дека ќе бидеме живи наредното ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg