10 одлуки за кои ќе се каете за 10-тина години од сега

Секој од нас има во животот нешто за кое се кае, неисполнет сон, неостварена цел... На сите добро познато ни е дека има работи кои ги правиме, а длабоко во себе не сакаме.

10-odluki-za-koi-vo-idnina-kje-se-kaete-01.jpg

Постојат некои работи за кои со сигурност ќе се каете во иднина, ако не ги промените:

1. Тоа што сте биле мрзеливи

Нема да најдете ништо корисно во мрзеливоста, па добро е уште денес да престанете да барате изговори. Ако сакате да добиете нешто, треба да се борите. Ниту еден милијардер не станал тоа што е со играње на компјутерски игри.


2. Тоа што оставате работи за утре

Ова е нешто слично на тоа да бидете мрзеливи, со тоа што сте малку поактивни. Сепак, не бадијала велат не ги оставајте работите за утре, тоа што можете да го направите денес, направете го денес.


3. Контролирате

Вашиот живот и луѓето во него не се дрвени кукли кои можете да ги контролирате кога сакате и како сакате. Земете длабок воздух и престанете да ги контролирате работите кои не можете да ги контролирате.


4. Се задоволувате со помалку

Не се задоволувајте со помалку – не на работа, ниту дома, ниту со саканата личност, ниту со вашите хобија. Никогаш не се откажувајте од работите кои ги сакате.


5. Се откажувате

Ова е слично како на тоа да се задоволите со помалку. Никогаш не се откажувајте од работите кои сакате да ги добиете, од целите кои сакате да ги остварите. Можеби нема да успеете од првпат, но неуспесите треба да ви служат само како лекции.


6. Се плашите од промени

Промени се неизбежни и не смеете да се плашите од нив и да дозволите да ве прегазат. Морате да се соочите со нив и да го извлечете најдоброто од можностите кои се пред вас.


7. Тоа што сте егоцентрични

Веројатно сте паметни и заслужувате да се чувствувате добро во сопствената кожа, но тоа не значи дека треба да се водите само од сопственото его. Внимавајте на чувствата на другите.


8. Тоа што се дружите со лоши пријатели

Како што можете да прекинете врска со момче или девојка, така можете да раскинете и расчистите и со пријателите. Постојат периоди во животот кога патиштата едноставно ви се разминуваат со пријателите и тоа не можете да го промените. Понекогаш време е да се ослободите од пријателите кои негативно влијаат на вас.


9. Дозволувате другите да ги креираат вашите соништа

Вашите родители сакаат да бидете директор, вашите надредени сакаат да бидете обичен работник... Општеството и луѓето со кои живеете имаат одредена замисла за тоа што треба да бидете во животот, но таа замисла не треба да ја прифатите здраво за готово. Креирајте ги сопствените соништа и стремете се кон сопствените цели.


10. Се обидувате да бидете некој кој не сте

Нема потреба да носите маска и да бидете личност каква што другите сакаат да бидете. Најдобро е да се чувствувате удобно во сопствената кожа. Бидете свои, другите треба да ве прифатат онакви какви што сте.

Би можело да ве интересира:

Роберт Спасенцовски - Џокер за CRNOBELO лексикон: „Ме зафркаваа дека свирам хармоника, но не се отка... „Лесно го изнудив првиот бакнеж и добив многу самодоверба. Си помислив дека сум ...
И во Македонија има шефови кои се пример за вработените и среќни сме поради тоа Тие не сметаат дека тоа што се избориле да стигнат до оваа позиција им дозволува...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Поучна приказна: Лавот сфатил дека непријатно мириса - Како само лисицата го надмудрила? Лавот случајно сфатил дека неговата миризба не е баш пријатна. Отишол кај еленот...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg