Животот не е игра за плачковци, не крцкајте со забите - гризете

Секојдневниот опстанок нè носи во ситуации каде мора да избереме, да  научиме, да се снајдеме за едноставно на некој начин да преживееме.

zivotot-ne-e-igra-za-plackovci-ne-krckajte-so-zabite-grizete-01.jpg

Сите сме свесни дека животот воопшто нема да не поштеди и дека секогаш сè повеќе и повеќе ќе биде немилосрден кога станува збор за сите неправди кои што можат да се случат.

За да се биде успешен во таа секојдневна бркотница кон целта мора да знаете дека:

1. Никој нема да се бори за вас

Доколку седите стиснати во ќошот, засрамени без никаква причина и чекате некој друг да ги извалка своите раце за вас, вие никогаш нема да стигнете онаму каде што сте замислиле.

На крајот од денот ако вие сами не сте заинтересирани за својата иднина тогаш каква иднина очекувате?


2. Не останувајте во сенка

Вашиот живот е маестрално дело кое вие го креирате, зарем би сакале на вашиот главен настап вие да бидете оние кои се во сенка?

Ако мислите дека ви било предодредено да бидете во споредна улога, грешите. Фактот кој вас ве прави полоши од другите, се наоѓа во вашата глава и ви ги кочи посакуваните резултати.


3. Не барајте изговори, покажете резултати

Изговори за неуспеси нема, тие можат да се случат и се случуваат, но тоа не значи дека вие треба да престанете да се обидувате. Многумина не успеале од првиот пат.

Затоа наместо да седите и да се сожалувате, започнете да работите ако треба и трипати повеќе од претходниот пат. Формула за успех не постои, се е посветеност и работа, работа, работа...


4. Не се грижете за злобните коментари, тие со причина се злобни

За жал злобата е неизбежна компонента во секоја човечка душа, но како таа ќе влијае на вас вие одлучувате. Како туѓите зборови вас ќе ве погодат, тоа вие го одлучувате.

Затоа наместо да се нервирате за празните разговори, посветете се на вашата цел и заборавете на она што го зборуваат луѓето, тие и онака нема никогаш да престанат да зборуваат.


5. Бидете храбри         

Не постои успешен човек кај кој храброста не е одлика. Во животот одбирајте разумно, без резерва и секогаш она што мислите дека е правилно, но никогаш не се доведувајте во ситуација да пропуштите одредена прилика, бидејќи не сте биле доволно храбри.

Големите работи доаѓаат со големи одговорности за луѓе кои тоа можат да го поднесат, а вие можете да бидете токму такви.


6. Не се потценувајте

Иако ви изгледа дека на другите работите им одат од рака и едноставно коцките сами им се поклопуваат, не сте во право.

Сите ние сме луѓе од крв и месо и секој се бори за своето место на ова парче земја. Вие не сте ниту поглупави ниту понеспособни од луѓето кои се поуспешни во вашата област, туку вие мислите дека тие едноставно се родени подобри.

Никој не се раѓа добар или подобар, тоа е процес на макотрпна работа која секој треба да ја помине ако сака да биде успешен, а вие го можете тоа.


7. Не паѓајте во депресија

Секогаш кога ќе дојде период да бидете депримирани најдете начин да го пребродите тоа што е можно побрзо.

Не дозволувајте заради состојбата предизвикана од минатото да ги пропуштите можностите на иднината. Што и да се случило, се случило за да ве научи, а не да очајувате со денови втурнати во безизлезна ситуација.

Депресијата е фаза која секој ја доживува, но од таму бегајте што е можно побрзо, пријателите и семејството се секогаш добар лек кој ќе ви помогне да се справите со неа.


8. Не покажувајте слабост

Колку и да ви се рушат вашите светови, не сакате вашата слабост да ја покажете пред другите. Не им давајте на оние жедни ненаситници да се ситат на вашата лоша состојба.

Вашите проблеми споделете ги со оние на кои им верувате. И бидете слаби пред оние на кои им верувате, не дозволувајте светот да ја види и научи вашата слабост, бидејќи ако ја знаат вашата слабост, тогаш лесно можат да ве победат, а вие не сакате да бидете победени нели?

Ако само крцкате со вашите заби, тогаш никој нема да ве забележи, а единствено што ќе добиете е само болка во забите, но ако гризете светот ќе ги види тие белези и ќе слушне за вашата индивидуа.

Затоа запомнете неколку реченици кои треба да ви одекнуваат во вашата глава секојдневно.

ВИЕ САКАТЕ!

ВИЕ МОРАТЕ!

ВИЕ МОЖЕТЕ!

ВИЕ ЌЕ УСПЕЕТЕ!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg