Не треба да бидеш нечиј втор избор

Веројатно длабоко во себе постоела свесноста околу тоа колку изгледаш смешно и чудно на луѓето околу тебе. Седиш со телефонот на маса, се возбудуваш на секое свирење и посакуваш да добиеш одговор кој не знаеш дали ќе дојде.

ne-treba-da-bidete-necij-vtor-izbor-01.jpg

Се одлучи токму за она кое сите те предупредија да не го правиш. Ги налепи сите свои надежи и желби за едно лице. Едно лице кое колку и да сакаш не можеш да го избришеш.

Никогаш не помислуваше дека ти ќе бидеш таа личност која чека. Едноставно тоа не личи на тебе. Или барем не личеше.

Нешто чудно се случува кога ќе се вљубиме. Како да се лизнуваме на некоја измислена лушпа од банана и губиме контрола над сè. Некако се чини како сè да претставува бесмислена забавена снимка која на крајот се заматува и станува нејасна.

Да, можеме да пробаме да ја употребиме онаа научната карта и да го обвиниме окситоцинот. Да не ни служи само за еуфорија, туку влијае и на психичката стабилност.

Секогаш велиме дека љубовта не полудува и навистина е така, но што кога ни недостасува? Што кога можеме да ја видиме и ни е на дофат, но без оглед на тоа колку напорно се трудиме да дојдеме до неа, никако не можеме да ја зграбиме? Тогаш кога е тука и одеднаш, како да исчезнува?

Тек тогаш дефинитивно полудуваме.

И што тогаш кога некој ве става на страна или уште полошо му станувате втор избор?

Тогаш со сигурност сте како поделени на две половини.

Ја посакувате нивната љубов, нивниот мирис, да знаете дека му значите на некого. И се обидувате да рационализирате сè и подготвени сте да направите сè, дури и оние нелогичните работи. Подготвени сте гордоста да ја ставите на страна и да верувате дека тоа што сте втор избор и не е така лоша работа.

Си велите: Барем ме одбра... Опција сум.

Но, кога го правите тоа, дозволувате некој друг да ја диктира вашата вредност. Дозволувате некој друг да одлучува за вас. Правите работи кои сте верувале дека никогаш нема да ги направите.

Но, реалноста е дека заслужувате повеќе. Заслужувате и другата страна да има подеднаква количина на окситоцин во себе само за вас.

Не треба да бидете нечиј втор избор, затоа што никогаш нема го заборавите вашето место во редот. Дури и кога се обидувате. Тогаш кога се обидувате себеси дека сè ќе биде во ред, а знаете дека се е спротивно.

Тогаш кога знаете кој е прв.

Би можело да ве интересира:

Некогаш праќавме разгледници, денес фотки на Вибер - 7 илустрации колку се смени летувањето низ годи... Порано можевме целосно да се исклучиме од работа кога одевме на одмор... Но, ден...
10 докази дека вековите минуваат, а проблемите на луѓето остануваат исти (низ илустрации) Родителите и понатаму мачат исти маки со децата, жените секогаш се жалат дека не...
Роберт Јанков за CRNOBELO лексикон: „Се плашам од родителска“ „Во живо си повисок е најсмешниот комплимент што сум го добил“, напиша водителот...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Виктор Апостоловски за CRNOBELO лексикон: „Сопругата ми е најдобра другарка веќе 6 години“ „Па ти во живо си бил како нас, јас те замислував како 2 и пол метра маж, лепота...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg