Совет од непозната жена на улица: „Зошто толку нервоза?“

Сигурно сте се нашле во стиуација кога без никаква причина целиот свет ви бил на некој начин крив за сè.

sovet-od-nepoznata-zena-na-ulica-001.jpg

Ви сметал мирисот наутро и сината боја на небото, ви сметал гласот на човекот на радио и не можела да ве насмее дури ниту една глупост на вашите пријатели.

Истото ми се случи пред некој ден, некаде помеѓу два и три часот, во левата рака држев скрипти, материјал кој мораше да го поминам, на десното рамо имав торба со лаптоп и во десната рака зборував на телефон. Брзав да стигнам за да завршам сѐ, а згора на тоа требаше да застанам и да купам портокали, ми се направи мерак претходниот ден за портокали.

Влегов и брзо завршив работа, но само што излегов од маркетот ми се лизна ќесата со портокали и тие паднаа на земја, се истркалаа пред моите нозе.

Не можам да си опишам колку тоа ми ја прели капката во чашката и наместо да ги соберам како што секој би направил јас зедов и ги шутнав.

Во близина имаше жена во години која ме забележа колку трапаво си ги испуштив портокалите и дојде до мене со намера да ме насмее и да ми ја олесни маката. Во тој момент не знам колку тоа беше паметна идеја.

Но, таа дојде насмеана, како целиот свет да и беше розов и ме запраша: 

„Зошто толку многу нервоза во толку младо тело?

Зарем годините ти поминале, зарем болест ти ја мачи душата, зарем тие скрипти толку ти тежат во животот или портокалите нешто ти згрешија денеска?

Ех, мој синко, кога ја гледам таа паника и таа нервоза во твоето тело се потсетувам на едно време кое посакувам сега да се врати...“.

Си помислив, зошто би сакала да биде на мое место и да биде намуртена и нервозна кога таа е совршено насмеана, но таа не застана продолжи со својот монолог.

„Колку и да ти изгледа невозможно, незамисливо и недостижно, работите ќе се случат, големината на успехот и брзината со која ќе се случат зависи само од твојата работа и посветеност на она што те мачи. Но, верувај ми немаш никаква причина за да дозволиш гневот и нервозата да ти го трујат телото.

Ти кажувам, бидејќи сум била и сум видела и знам дека не можеш да не креваш паника, едноставно тоа е процес низ кој секој од нас мора да помине за да научи дека проблемите не се решаваат сами.

Но, нели е полесно да се насмевнеш и да се запнеш за било која работа што те мачи отколку намуртен да се фрлаш во оковите на твојата „безизлезна“ ситуација?

Ајде да видам насмевка, јас сум сигурна дека ти ќе успееш, а јас ќе влезам да купам портокали, бидејќи од овие твоиве сок нема да се направи“.

И ја чекав непознатата жена да ми даде портокали, слични на оние кои ги шутирав претходно, но овие беа поинакви портокали, барем за мене.

Знаев дека сè што правам ќе ми тргне од рака, ако доволно се посветам, но се сомневав во себе, не знам зошто непознатата жена веруваше во мене, а јас сам не верував.

Не знам зошто ми требаше друг да ме потсети дека јас можам да успеам.

Свежиот сок од портокали тој ден имаше поинаков вкус, вкус на победа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg