Од другата страна на огледалото

Отсекогаш мразев да станам наутро и да застанам пред огледалото, некако како да ме плашеше погледот во него. Знам додека растев посакав некој да ја забрани употребата на огледалата и да ги запали слично како вретеното во приказната за Трнорушка.

od-drugata-strana-na-ogledaloto-01

Ми сметаа кога ги имаше наоколу, никој не ја разбираше причината поради која јас имав фобија од сопствениот лик во огледалото, да бидам искрен ниту јас не ја разбирав.

Се сеќавам секогаш кога ќе застанев  се срамев од човекот кој се наоѓа на другата страна. Не можев да најдам ниту една позитивна карактеристика во она што стоеше таму, ниту една убава работа, ниту еден успех, ниту една убава мисла, како да не беше мој, како да беше туѓ.

Долго живеев со помислата дека ние сме две различни нешта, јас со замислата на она што сум, а тој реален со сите пубертетски акни, лузни и вишок килограми. Осакатен од зборовите на општеството за она што ќе биде со него, како неговата иднина да беше запишана некаде во нивните клети усти. А, од другата страна јас, со друга скрипта за она што ќе биде со него, со поинакво гледиште на се она што се случува.

Траеше долго тој мачен процес, можеби и подолго од што требаше. Паметам застанав и погледнав повторно, сакајќи да се соочам со она што ме чека таму и можеби не изгледаше како филмска ѕвезда, можеби имаше некоја брчка под окото и по малку акни на челото. Можеби имаше повеќе килограми отколку што требаше и можеби беше се шишал сам и облеката му беше стара, зашиена, но чиста.

Но, кога пошироко ги отворив очите ја видов таа светлина, истата онаа која ја чувствував однатре и тогаш беше тој магичен момент на спојување, како небо и земја при бура.

Јас и тој.

Се прифативме, јас ги отфрлив сите предрасуди и ги засакав сите негови недостатоци, заборавајќи на сè она што другите тврдеа дека сме јас и оној другиот.

Ние бевме едно.

Тогаш сфатив дека го имам најсилното оружје. Јас се прифатив себеси со сите свои маани. Додека другите ме напаѓаа поради она што го имам повеќе или помалку, јас сето тоа го прифатив како моја лична сопственост, мој штит и мое оружје за напад.

Тогаш дознав дека она што ми требало за да станам непобедлив е да се прифатам себеси. Кога ги прифатив сите работи кои мислев дека не треба да бидат прифатени, јас како одново да оживеав.

Добив пријател, оној кој останува со мене дури и кога сите светла ќе се изгаснат, дури и кога саканата ќе заспие до мене во креветот. Оној кој знае сè за мене, оној кој требаше да ме потсети дека јас вредам, оној кој го отфрлав постојано, а со него покрај мене јас можам да го освојам светот.

Кога научив дека рефлексијата е лоша само ако сликата во мозокот не е добро фокусирана, јас научив да живеам.

Утрата пред огледалото добиваа смисла. Во него гледав проект кој требаше да се надградува и да ја оствари мојата скрипта во главата за да се поправи сè она што може да се поправи и да се постигне сè она што може да се постигне.

Секојдневно раснеме заедно за да станеме една рефлексија која ќе биде поим за успех и среќа. Поим кој ми требаше долго време да го сфатам. Но, на крајот на денот подобро нештата да ги сфатиш подоцна, отколку никогаш.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg