Човекот со црниот капут

Беше темно и дождливо тоа утро, а тој беше толку елегантен во неговиот црн капут. Висок, црн, со црн капут, црн шешир носеше и  црн чадор. Изгледаше многу заводливо во тоа црнило, таинствено, мистично.

covekot-so-crniot-kaput-01.jpg

Веднаш го забележав и чекав да се приближи, но за жал отиде на другата страна. Јас останав занемена од неговиот шарм.

Цел ден размислував за него, кој е, каде одеше, каде живее, можно ли е да сме соседи? Но, не знам, тоа беше првпат кога го видов. Размислував да не е кај некого на гости, кога би живеел во моја близина би го познавала, можеби е некаков детектив си помислив, почнав да се занесувам.

Другиот ден излегов малку порано за на работа, со надеж дека повторно ќе го видам. Го барав насекаде со поглед, но го немаше. Си реков на себеси: „глупава, зар вреди толку да се занесувам по некого кого не ни го знам“. Но, тоа и го правеше привлечен, неговата мистичност. Како само се движеше со одмерен и цврст од, исправено тело, грациозно...

Повторно ми шеташе целиот ден низ мислите, вечерта повторно гледав упорно во аголот од кој се појави, но не го видов. Готово си помислив , можеби ми се причинува, одамна не сум видела таков маж, такво самоуверено битие, па можеби и си замислувам. Но, не...

Тоа утро пак го забележав, горев од желба да го видам во моја близина, помина покрај мене, беше истиот само овојпат не го носеше чадорот, го погледнав брзо и срамежливо и го тргнав погледот на страна не знам зошто.

Влезе во истиот автобус, влегов и јас, потајно се погледнувавме, за чудо се симна на истото место и влезе во истата зграда во која јас работев. Додека тој се задржа во делот за информации, јас влегов во својата канцеларија и сосема збунета седнав и го започнав својот работен ден со голема шолја кафе.

Додека го пиев кафето телефонот заѕвони и ми беше најавена првата странка за денес. Морав да ги средам мислите и да се фокусирам на работата ми следеа неколку интервјуа. Ја поднаместив марамата, кога некој тропна на вратата, влезе тој...

- „Добар ден“.

- „Да, ова ќе биде навистина добар ден, одговорив и го поканив да седне“.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски за CRNOBELO лексикон: „Сопругата ми е најдобра другарка веќе 6 години“ „Па ти во живо си бил како нас, јас те замислував како 2 и пол метра маж, лепота...
Зошто сите во Скопје се разведуваат? Дали и вие имате чувство дека во Скопје владее епидемија на разводи? Не знам за ...
Скопска госпоѓо, со дрскиот тон и надмен однос знаеш кога ќе те услужат пак? Никогаш! Што си се умислила толку? Жена со моќи на божество? Најпаметната? Најубавата? Шт...
Носталгија: Насловни страници од ИКЕА каталозите низ годините – колку се променија трендовите за уре... Од традиционалниот винтиџ стил со дрво во 50-тите години, до топлото уредување в...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Симона Поповска за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека имам глас како пудинг од ванила“ „Како мала обожавав да истражувам и да си поставувам цели. И бев решена да се ис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg