Ме љубиш само доцна во ноќта кога градот е празен...

Не можам веќе, ми се смачи од цела оваа игра. Долго време поминав во улогата на другата, онаа која нуди утеха, која нуди незаборавни ноќи, а за возврат добива непостоечко име во телефон и едно „Се познаваме“.

me-ljubish-samo-docna-vo-nokjta-koga-gradot-e-prazen-01.jpg

Да, ми здодеа да се кријам, да се јавувам само во одредено време, да немам кому да се потпрам и да живеам со мислата дека цела оваа адреналинска игра ќе заврши со среќен крај. И не верувам веќе на ветувањата дека ќе бидам првата, дека ќе ме покажеш пред светот, ќе ме држиш за рака, ќе ме бакнуваш пред сите, а не како досега.

Ме љубиш само доцна во ноќта кога градот е празен, кога на улица се само бездомниците и по некоја залутана будала.

Ми здодеа да доаѓам со такси до адресата на нашето место, за кое не знам дали е наше, ама така си го нарекуваме.

Сакам како и секоја жена да имам некој покрај себе, а вака имам, ама немам. Затоа што таа те држи за рака и светот мисли дека неа ја сакаш, а јас веќе не знам што да мислам. Но знам, дека веќе вака не можам.

Знам дека со последното „не“, ќе те изгубам засекогаш. Да, го сфатив тоа, веќе некое време не живеам во илузија дека јас сум „сè“ за тебе, а таа е само маска. Но, таа маска те има, те има во домот, те има за празници, те има за прослави, достапен си за неа, а за мене си само желба во ноќта, копнеж за љубов.

Веќе не знам кој кого теши, дали ти мене или јас тебе или можеби двајцата бегаме од секојдневието, добивајќи лудост. Што со таа лудост, до кога?

Секоја игра има крај. Каков ќе биде нашиот крај, среќен или несреќен? Не знам, но веќе се одлучив за првото „НE“, кое можеби ќе биде последното.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Носталгија за едни минати времиња: Се сеќавате ли на легендарната стара ѕидна вага? Колачиња со путер и мармалад, гурабии, пиварки, ежиња... Се сеќавате ли на слатк...
Каде се и што прават денес членовите на групата „Магија“? Јован Јованов е во Канада, Зоки Стаменковски во Сиднеј... Каде се и што прават д...
Кент, Монопол, Брза географија - Друштвени игри што будат носталгија и ќе ве потсетат на детството Се сеќавате ли на друштвените игри што ги игравме како деца? Колку од вас сѐ ушт...
10 најубави Македонски народни приказни со кои растевме и ни будат носталгија (видео) Има ли некој кој не се сеќава на Ѓорѓи Колозов и неговата маестрална улога на кр...
„Децата не помнат кој го донел најскапото пакетче и дали украсите се нови – На што се сеќаваат?“ Знаете ли што нема да помнат децата кога ќе пораснат? Кој го донел најскапиот по...
Заради местата и луѓето кои ми се драги: Зошто го сакам Скопје? Скопје го сакам најмногу заради спомените и среќните мигови поминати во него и о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg