Обраќање од кабината на капетанот на бродот

Отсекогаш во животот сакав авантури, некако како да ме влечеше непознатото и како ненаситно да се стремев кон нешто ново и неоткриено.

obrakanjeto-od-kabinata-na-kapetanot-na-brodot-001.jpg

Сакав промени и спонтани работи, сакав да чекорам без ниту еден патоказ, не ми беше грижа дури и да погрешам, некако доволна ми беше љубовта и поткрепата на најблиските. Тоа беше сè што ми требаше за секоја наредна авантура.

Тоа утро станав во шест часот и триесет минути, беше недела, за некои тоа е чудно време за станување во едно неделно утро. Но, јас побрзав да направам тостови за мене и мојата најсакана, да го сварам утринското кафе и да завршам некоја работа по дома. Иако мразев да станувам рано, некако ми се допаѓаше кога ќе го фатев денот со ред и ќе имав време за сѐ. Дента требаше да крстариме со брод, беше празник, а ние одамна не сме се возеле со брод, бевме возбудени.

Во осум часот стигнавме на бродот и сè беше подготвено за тргнување. Глетката беше магична, а во комбинација со студеното време ги забавуваше сите клетки на моето тело и посакував да се замрзнам во таа убавина, за да можам лакомо да грабам од убавините кои ме опкружуваа. Иако врнеше не пропуштав да излезам на палубата и да уживам во мистичноста на самото езеро. Беше прекрасно.

Внатре во бродот имаше жива музика, која беше лек за душата. Свиреа македонски народни песни. Мелем за секоја рана, мелодија за волшебно неделно утро. Но, наеднаш се слушна звук, неконтролиран шум кој ја прекина таа идиличност. Тоа беше обраќање од кабината на капетанот на бродот. Сѐ се стиши и сите со внимание очекуваа да го слушнат тоа срдечно обраќање.

На наше изненадување од кабината на капетанот се обрати жена. Сите бевме збунети, не знаевме што се случува сè додека не ги слушнавме нејзнитите зборови.

„Драги сограѓани, знам дека моето обраќање можеби ве исплаши, но без грижи сè е во ред. Сакам сите да се свртите кон последното седиште и да го фрлите вашиот поглед на дечкото со кратка коса и црвена блуза. Ако се прашувате зошто треба тоа да го направите, тогаш почекајте да ви раскажам“.

Сите наши погледи беа вперени во момчето на последното седиште, ние бевме збунети, а колку што можев да забележам тој беше можеби во поголем шок од нас. Девојката продолжи со својот говор од кабината на капетанот.

„Тоа таму е мојот брат, денеска се изминати точно осум месеци откако тој воопшто не консумирал дрога. За да појаснам, брат ми беше зависник и сите го отпишаа, сите рекоа дека за него нема назад и дека нема јаже кое би го извлекло од таа кал. Но, јас не се откажав од него.

Процесот беше макотрпен, морам да признаам дека вложив можеби една година. Но, што е една година за да го добијам назад мојот брат. Беше тоа процес во кој неколкупати посака да се самоубие, неколкупати проба да консумира повторно, имаше моменти кога сакаше да ме претепа, да ме ограби. Имаше моменти на слабост, но сепак издржа. Колку и да беше губитник во очите на другите, тој беше победник во моите очи.

Месеците во манаситрот го сменија неговиот живот, но го сменија и мојот учејќи ме дека животот може да те однесе на лош пат, но сепак ако најдеш волја, ако најдеш сила, ти можеш да се вратиш на правиот пат. Тежок е преминот од згрешениот до вистинскиот пат, тоа е еден пат низ калта, но сепак вреди.

Затоа сакам сите да ги кренете вашите чаши, да наздравиме за победата над злото, за волјата, силата и љубовта која ја имаше мојот брат. За вербата на еден човек во друг и за взаемната посветеност да се спаси еден човечки живот. За овие осум месеци и за сите по нив кои доаѓаат, а се знак на нашата заедничка победа!“.

Откако девојката заврши со својот говор, следеше аплауз, мислам дека тоа беше најискрено ракоплескање од сечие срце кое се најде внатре во бродот. Момчето имаше црвени образи, но имаше задоволство во очите, како олимпиец кој се враќа со медал околу вратот.

Сите наздравуваа и се восхитуваа на таквата преобразба. Сите зборуваа за авантурата на братот и сестрата во обид да се спаси еден живот. Тој ден сите научивме многу. Никого не можеш да го отпишеш, бидејќи само силна желба, љубов и посветеност е она што е потребно за да се оствари секоја цел.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев сведок на утрински инцидент во Скопје - маж кој не беше во право, врескаше и покажуваше среден п... Луѓето почнаа да ги отвораат прозорците од автомобилите, да му се дерат да побрз...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
За сите кои растеа со „Златно славејче“ и „Дајте музика“, ги пееја „Никола, Никола“ и „Сакам кола уб... Во мое време, пред околу 30 години, детските песни беа невини и искрени, се пееш...
Жено, не постои поголема храброст од тоа да бидеш слаба понекогаш Не постои поголема храброст од тоа да бидеш слаба и себеси да се прифатиш како т...
Како денот ми стана „потоп“ затоа што не ја прочитав временската прогноза? Кога влегов дома, бев накисната до гола кожа. Избањата, потопена, мокра и никој ...
Скопски газда им скратил по 500 денари од плата на вработените за да направи новогодишна забава Вработените отишле на забавата, гневни затоа што треба сами да платат за сѐ, со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg