Скршените делчиња од моето битие беа причината за чашката алкохол во моите раце

Ставив коцка мраз во чашата со алкохол. Пијам ненаситно обидувајќи се да ја изгорам секоја болка која доаѓа однатре.

skrsenite-delcinja-od-moeto-bitie-bea-pricina-za-caskata-alkohol-vo-moite-race-001.jpg

Никогаш не дозволив никој целосно да ми ја распара душата за да погледне што навистина се крие зад таа лажна насмевка која ја носам секој ден. Голтка по голтка посакувам да исчезне секој дел од таа болка која полека растргнува се во мене.

Често проколнував и се плашев да не станам она што никогаш не смеев. Она што си ветив дека никогаш нема да бидам. Знаев колку боли напуштањето, знаев колку го мразам одбивањето. Се сеќавав на начинот на кој бев наречен безвреден, се сеќавам на сите кавги и повишени тонови кои одекнуваа од нашиот дом.

Паметам дека ги имав најужасните епитети кои може едно дете да ги добие. Бескорисен, глупав, неписмен, неуспешен...

Се сеќаваш нели, тоа беа зборови кои доаѓаа од твојата уста правејќи ме да се чувствувам немоќно, честопати помислувајќи да го одземам она што ти го нарекуваше твоја заслуга, мојот живот.

Додека ја пијам оваа чашка алкохол, немам начин на кој можам да објаснам зошто јас бев оној кој беше на последно место и зошто работите се случуваа на начинот на кој се случија, не можев да им кажам ниту нив, единствено само таа знаеше. Таа ми беше сведок дека не станав она кое што ми беше генетски наложено.

Таа ме најде оставен каде што се оставаат само бескорисни работи, ја виде светлината во моите очи и без никакви предрасуди ми даде шанса да бидам нејзиниот сопатник. Јас не можам да им објаснам нив, но можам да им покажам како е да се биде добар родител, нешто што мене ми беше сосема непознато.

Бев скршен на делчиња, но на некој начин ги прелепував, покажувајќи колку еден маж може да биде нежен и колку родителот знае да биде вистински татко. Немаше причина поради која не смеев да им бидам поддршка, немаше причина да ги омаловажам, немаше причина за да им нанесам лоши спомени, бидејќи јас ги сакав, бескомпромисно ги сакав.

Ја сакав неа на начинот на кој ти никогаш не ме научи да сакам. Пополнував дупки во моето тело, дупки кои не требаше да се најдат таму, но по некоја случајност на животот се најдоа. Не ми беше страв, ниту страм да бидам верен и да сакам со целото мое срце.

Јас застанав зад нив, но не финансиски, не фиктивно, не имагинарно. Стоев за да им бидам потпора и да ги туркам напред со цела моја сила, без ниту за момент да ги направам да се сомневаат во мојата поддршка.

Боли, знаеш колку ме боли, кријам, но тоа не е болка која се сокрива. Додека допивам, чашка, само една чашка, понекогаш кога ќе се почувствувам на тој начин, се молам сите да пронајдат човек кој ќе ги состави нивните скршени делови. Да најдат сила која ќе им овозможи создавање на гнездо во кое ќе бидат споделени само убави моменти. За ниту еднаш, никогаш, никаде и никој да не биде скршен на начинот на кој јас се скршив, останувајќи со  постојана насмевка за прифатената болка која беше преголема.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg