Лошите работи во животот доаѓаат бесплатно

Знаете пред некој ден помина празникот на жената, но до ден денес ме мачи еден разговор кој се случи токму дента, во утрото некаде помеѓу девет и десет часот.

losite-raboti-doagjaat-besplatno-vo-zivotot-01

Стоев на тезгата со цвеќиња и помагав на моите роднини. Ме викнаа бидејќи жената која требало да продава имала температура, па ако некаде важеше правилото, кој најмал тој прв, тоа беше кај нас, затоа татко ми ме прати таму.

Стоев на тезгата и навистина со насмевка ги пречекував сите, за сите имав убави зборови, им го нудев она што го бараа, што би рекла баба ми, роден пазарџија.

Дента имаше дожд, па сонце, беше едно грдо, променливо време кое ме тераше на спиење, згора на се, беше и многу ладно. Ги триев рацете и дував во нив обидувајќи се да се стоплам.

По чаршијата во тоа утро поминаа многумина, сите со својата цел, некои застануваа, прашуваа, некои ме одбегнуваа, некои пак се потсмеваа, но јас знаев дека дента чесно ќе заработам убава дневница.

Како што кажав, утрото, не се сеќавам точно колку беше часот, дојде еден човек. Облечен беше во црн мантил и црн шешир.

На рацете носеше ракавици кои беа кожни, изгледаа многу скапо. Беше облечен во црни пантолони со црни кондури, црно сако и сива кошула, беше многу тмурен исто како тој тмурен ден. Застана и отсечно ми се обрати.

„Момче колку рози има овдека во кофава. Собери ги сите и направи ми еден огромен букет“ - рече тој решително.

Јас прво се збунив и не знаев што ќе прави со сите ружи, но потоа си помислив што ќе правам јас без ружи, како и да е стрина ми ќе биде многу задоволна си помислив, навистина ме бидувало за пазарџија.

Побрзав да ги средам во целофан сите заедно, имав ден пред тоа обука. Ги броев една по една и со насмевка му се обратив на човекот.

„Ете сега ќе ги средам, но за жал нема да можам да ви ги дадам сите, туку ќе ви дадам една помалку, односно 99, бидејќи 100 ружи не се носат на ваков убав ден дома, знаете тие...“  - реков јас занесено низ насмевка.

„Јас знам момче, но ти не знаеш. Намести ги сите. Јас за жал не одам дома, не знам ни дали дома воопшто постои. Знаеш јас можам да купам милион работи во моментов, многу повеќе отколку сите околу мене. Но. јас немам кому тоа да му го купам. Целото тоа богатство, целата таа моќ и пот која сум ја печалел ги одзеде оние кои ги сакав најмногу. Со месеци ми се закануваа, мислев кучиња клетнички, ќе помине.

Сè додека еден ден не се вратив од работа. Имаше локва крв во ходникот, си помислив после вакво крвавење ниту бесмртните не остануваат живи. Трагата од крвта продолжуваше кон дневната, ми се чини тогаш и мојата крв насилно излегуваше од вените. Кога влегов во дневната, таму лежеше мојата сопруга која беше бремена со моето прво чедо. Со отворени очи, потпрена на малата масичка, целата во крв со прострелна рана во вратот. Нејзините сини очи и нејзините сочни усни не мрдаа, немаше никогаш да ми прозборат, немаше никогаш да ме бакнат.

На масата стоеше ливче, „Ти реков”. Кога ја видов здивот ми застана, паднав на колена гушкајќи ја. Се тресев без да можам да се контролирам. Беше предоцна за било што. Никогаш нема да ги најдам тие кои тоа го сторија, ниту пак да ги вратам оние кои заминаа. Имам пари да купам сè, но лошите работи доаѓаат бесплатно во животот, за нив пари не требаат. Не само кај мене, туку кај сите околу. Ех момче, момче....“ - Воздивна тој, длабоко жалејќи за она што неповратно беше изгубено.

Јас стоев скаменет додека ги пакував розите кои тој ќе ги однесеше на вечното почивалиште. Се почувствував како да го познавам, како цел живот да се знаеме.

Ми предизвика таков немир што сè уште ме држи со денови. Другите ќе го гледаа со букет од сто ружи, мислејќи дека тој оди кај љубовницата или можеби кај својата домаќинка, завидливо без да знаат. Ќе го оговараа и ќе зборуваа за мојот скап и брзо продаден букет.

Но, само јас и тој знаевме зошто тоа мораше да биде така. Како што самиот кажа, лошите работи доаѓаат бесплатно, а ние како побудалени секогаш бараме бесплатно...

Но, што вредат парите, што вреди животот, што е цело богатство на цел свет, кога чувствуваш празнина во душата?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg