Решив да кажам збор или два за болката која научив дека пополека исчезнува

Дојдов од предавања, ја фрлив преполната чанта на креветот, го откопчав палтото, отворив во фрижидерот за да земам ладно пиво кое го купив пред некој ден, го приклучив телевизорот и се истегнав на каучот како тоа да беше најудобното место во моментот.

resiv-da-kazam-zbor-ili-dva-za-bolkata-koja-nauciv-deka-popoleka-isceznuva-01.jpeg

Бев изнервиран од луѓето, не од нивите материјални нешта, туку од нивните постапки и зборовите кои излегуваа од нивната уста без притоа да размислат што зборуваат воопшто.

Најмногу мразев кога требаше да се обвинам себеси, а во моментот токму тоа и го правев. Се обвинував затоа што непрестајно го нарушував мирот на мојата совест.

Постојано преиспитував постапки, постојано размислував за зборовите кои беа кажани, постојано се трудев да бидам што е можно почовечен кон луѓето кои мислев дека би дале сѐ за да се најдат во моја близина. Но, за жал или можеби за среќа, светот не функционираше на тој начин.

Ти ќе ја подадеш раката, ќе го дадеш и телото и срцето и душата, а потоа гледаш дека спротивната страна само те користи додека не ја исцица последната капка крв од твоето предадено тело.

Предадено од почит, предадено од љубов.

За да не бидам сфатен погрешно, тоа не се случуваше само во љубовта, најстрашно и најболно беше што постоеше во пријателствата и тоа пријателства кои помеѓу луѓето траеа со години.

Јас знаев да чувствувам грижа на совест за секакви ситници додека другите не ја имаа ни за огромни нешта кои произлегуваа од нивните постапки и зборови.

Секогаш внимавав на подароците до последен детаљ, за сите настани, внимавав на зборовите и постапките кои ќе ги кажам во присуство на останатите, само за да го направам нивниот живот среќен, а моето присуство во нивното секојдневие пријатно.

Пробував да се прилагодам за туѓа среќа, пак ќе речам, сметајќи дека луѓето функционираат на истиот начин како и јас.

Но, тој ден сфатив дека никој, никогаш нема да се грижи за болката која што мене ме мачи, односно за неа ќе се потрудат да ми помогнат пријатели кои ги знам пет минути, додека оние кои ги нарекував вистински ќе ги нема со денови, затоа што тие се тука само кога нив им гори под нозете.

Удирав по масата и го стегав шишето, небаре сакав да се исечам.

Пцуев, нешто несвојствено во тој период од денот. Комшиите сигурно си помислиле дека сум се споулавил.

Ме болеше што ме боли душата за таквите изгубени луѓе, луѓе во кои ми била целата надеж, луѓе за кои сум бил подготвен да го дадам својот живот.

Но, она што беше пострашно е што нив не ги лазеше мува, не им беше грижа за она што јас го мислам и чувствувам.

Уживаа во таа игра на студени денови и дозволуваа оддалеченоста секојдневно да се зголемува.

Додека пиев ненаситно од пивото размислував: „Зошто јас постојано да бидам оној кој тагува, оној кој има болка на душата и го мачи совеста, а притоа нема никаков грев на душата?“.

Размислив дека таа болка е минлива, дека со текот на времето оние кои дошле само за да бидат тука со одреден рок на траење, ќе си заминат кога тој рок ќе помине, додека оние кои дошле да останат ќе најдат начин тоа да го направат тоа.

Нема простор за жалење...

Редев зборови, ненаситно, за сите кои на некој начин ме изгубиле или имаа тенденција да ме изгубат, размислував дека колку и да боли, тоа ќе помине, бидејќи таа болка со текот на времето исчезнува.

Посебно кога образот ти е чист, а душата полна со чисти мисли.

Додека се туткав во каучот, пробував да не размислувам, да не преиспитувам, туку како половина од светот, само да делувам, колку и да звучеше тоа бесчувствително...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg