Денес вие сте долу, утре тие ќе бидат таму

Денес повторно сте на страна, далеку од сите случувања, далеку од сите пријатели, далеку од светот и општеството.

denes-vie-ste-dolu-utre-tie-kje-bidat-tamu-01.jpg

Повторно сте се стуткале во вашето мало ќоше исплашени да не погрешите. Денеска повторно имате солзи во вашите очи, темнина во вашата душа и црни мисли во вашата глава. Денеска повторно бевте исмевани и повторно посакавте вашиот мизерен живот да заврши по најбрза можна постапка.

Се прашувавте зошто не сте популарни како останатите и зошто целото исмевање паѓаше на вашите раменици. Се прашувавте што сте му згрешиле на светот без притоа да се запрашате дека светот можеби ви згрешил вас.

Нивните зборови навлегуваа во вашиот крвоток и труеја сè она што вие сакавте да бидете. Мислејќи дека тие се во право вие се губевте себеси, без притоа да согледате дека со вас е сè во ред. Тие беа оние чија душа треба да доживее одредени ритуали за да биде спасена од рацете на ѓаволот.

Се чувствувавте осамени, се гушевте и се доведувавте до работ на безизлезноста, а тие не го знаеја тоа и повторно, секојдневно, чекор по чекор ве туркаа во вашата бездна, без притоа да сфатат дека го загрозуваат вашиот живот.

Но, тоа не се случуваше само со вас, во светот имаше многумина кои го доживуваат истото и тоа благодарение на една и единствена работа која ги правеше помоќни, фактот дека верувавте во она што тие ќе го кажат и мислевте дека тоа е единствената вистината.

Но сакам да запомните нешто сега и да го понесете тоа засекогаш со вас, вие сте многу попаметни од она што ви го велат. Вие сте многу поубави од сите нивни погрдни епитети и вашето тело е еден храм кој заслужува да биде посетен за да секој се облагороди од вашата душа.

Вие не сте безвредни и имате што да му дадете на светот, имате што да оставите зад себе како трага која ќе ја следат многумина, вие не сте глупави како што ве тераат да мислите. Иако сте скршени со текот на времето ќе заздравите колку и да изгледа сето тоа невозможно.

Вие сте многу посилни од она што мислите и вие сте многу попаметни отколку што можете да претпоставите. Без разлика колку навреди ќе преживеете, без разлика колку животот ве натерал на таа валкана игра. Запомнете дека тие не можат да ве дефинираат вас. Вие се дефинирате себеси.

Избегнете го тоа ќоше на темнина. Покажете се пред светот, вие и вашите несовршености. Насмејте се на секоја навреда. Вие сте поголеми од нивната простодушност.

Во таа борба против простотијата вие можете да победите. Борете се за себеси без страв и срам.

Оној кој што се издигнува повредувајќи ги другите на крајот останува сам, популарноста е тркало кое се врти. Денес вие сте долу, утре тие ќе бидат таму.

Не заслужувате да живеете живот без среќа. Насмевнете се, понатаму во животот ќе се најдете во опкружување кое ќе ја обожува вашата личност и деновите кои сега изгледаат пеколни, тогаш ќе бидат само спомен од минатото.

Подигнете ја главата и не го пропуштајте животот, ова што се случува сега ќе ве направи посилни и кога ќе дојде време ќе бидете благодарни што животот ве научил како да бидете непобедливи.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg