Твоето заминување ме научи да бидам силен...

Ние луѓето често пати сами го баравме ударот. Како да не бевме свесни за знаците кои ни ги испраќа пред да не турне целосно на земја.

sekogas-ucime-od-najlosite-raboti-vo-zivotot-001.jpg

Бевме упорни и постојано удиравме во ѕид додека не се раскрвавевме, но и тогаш не знаевме да престанеме бидејќи по сите правила ние бевме склони на самоповредување.

Додека минуваа годините, онака незабележливо пред моите очи се менував секојдневно без да има причина, без да барам и без да посакам. Минував низ трнливи патишта и животот воопшто не ме поштеди, сето тоа само за да престанам да крвавам непотребно.

Ова утро ми е некако тажно, се разбудив и го очекував твојот повик, твојот број на мојот екран и нашата слика од матурската вечер веднаш под него, но тоа нема да се случи. Ни сам не можам да кажам зошто, не би знаел никој, бидејќи ни животот не знаеше зошто тие работи се случија на тој начин.

Се сеќавам на секој твој збор, на секое твое ветување и на секоја твоја амбиција. Сите соништа кои ги делевме и заедничките замисли кои ги имавме. Но пред да бидам свесен, пред да трепнам и да ја кажам молитвата за добра ноќ, животот те однесе. Се разбудив утрото и тоа беше празно утро.

Една огромна мачнина во мојата душа и топлина во моите гради која не можев да ја објаснам. Празно беше сé, празно како ова утро без тебе.

Кога зборував за удирање со главата во ѕид мислев на овие работи, секогаш чекавме да се случи нешто слично кое ќе не растргне, кое ќе ни го помести нашиот корен и ќе не направи целосно нестабилни. Тогаш учиме најмногу.

Како претходно да сме биле слепи на сите знаци. Тогаш умираат сите грижи и престануваш да им даваш значење на неважните работи. Тогаш се е некако рамно, само желбата за живот е поинаква, смислата која ја добива е различна. Ти си различен и животот е целосно поинаков.

После твоето заминување засекогаш, веќе не се лутам на другите околу, кога не ме бараат, ниту јас не ги барам. Не правам работи кои не сакам да ги направам, не се смеам принудно на работи кои воопшто не се смешни. Не седам со луѓе кои не ми се мили.

Она што го правев пред да те изгубам, ме научи дека времето  во животот не смеам да го трошам залудно. Да губам драгоцени моменти со луѓето кои можат да ме направат среќен за да бидам во кругот на секакви идиоти.

Никогаш не посакав да не живеам, би било премногу себично, бидејќи ти беше полн со живот и  никој не помисли дека некој друг ќе ти ја скрати таа желба. Останувам тука да сведочам и да се борам за она што сакаше да се бориш ти. Осамен, со празнина во душата, но сепак спремен да се борам.

Твоето заминување ме научи да бидам силен и да го избегнам тој удар со ѕидот. Зошто кога ќе изгубиш нешто што нема цена, тогаш сфаќаш колку се бесценети работите кои те опкружуваат, а претходно си ги земал здраво за готово.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg