Во главата секогаш бевме двајца - Оној кој секогаш молчи и оној кој никогаш не спие

Таму некаде ние секогаш бевме двајца. Оној кој секогаш молчи и оној кој никогаш не спие. 

sekoj-den-bese-borba-so-glasovite-vo-mojata-glava-001.jpg

При секој чекор и секоја голема одлука, во главата имав низа на контрадикторни зборови. „Бакни ја, сега е моментот” - „Немој да се будалиш, ако го направиш тоа никогаш повеќе нема да ти прозбори”, „Оди и зграби ја својата прилика” - „Застани, сите гледаат и слушаат, срамота е!”.

Пред да ми прснеше главата се молев тоа да престане, бидејќи се чувствував како во мене да живеат две души, присилно сместени во едно тело. Едниот секогаш беше дрзок, бесчувствителен, нервозен и груб кон светот, а оној другиот беше нежен, совршен, мил и имаше разбирање за сите. Понекогаш имав проблем да сфатам кој од нив всушност е вистинското јас.

Зошто постоеа, зошто беа таму за да го комплицираат секој ден од моето постоење, како да не беше доволно комплицирано. Кога ќе затворев очи посакував да не слушнам ниту еден од многуте гласови во мојата глава. Се прашував дали секојдневниот притисок ми го нарушил здравиот разум или тоа секому се случува?

Не знаев дали таквата жестока борба помеѓу огнот и водата, помеѓу доброто и злото се случува само во мојата глава или тоа е борба која се случува во секоја единка на земјата. Сè она што се случуваше променливо го препишував на нивното непрестајно зборување, плач па смеа, болка па потоа пребол, понекогаш ни сам не можев да си објаснам, а не па да им објаснам на другите.

Не можев да сфатам кој е оној што се буди и кој е оној кој легнува. Честопати знаев да застанам пред огледалото и да се соочам со нив двајцата. Имав многу прашања за тоа кого од нив треба да послушам. Дали оној кој секогаш гази над другите или оној кој се поклонува пред сите? Дали морав воопшто да изберам еден или можев да ја следам комбинацијата на нив двајцата за да живеам безгрижно? Колку и да пробав да извлечам некаков знак, немаше успех.

Од моето зјапање во сопствените зеници немаше некој ефект. Тие исчезнуваа, тогаш ги немаше, бев сам со својот одраз. Многупати се запрашав дали сум потполно тука со паметот, дали навистина постојат гласови или тоа беше потсвеста поучена од сите претходни збиднувања?

Дали постоеа добриот и лошиот или тоа бев самиот јас со моето променливо расположение, а можев да забележам дека беше променливо само поради различните карактери на луѓето со кои останував сам. Дали некогаш ќе најдев баланс помеѓу она што го карактеризирав како зло и она што беше ангелски совршено или едноставно требаше да бидам комбинација на тие две секојдневно за да ги задоволам гласовите во мојата глава и на тој начин правилно да живеам?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg