50 мали потсетници кои ќе ви помогнат да го надминете и најтешкиот ден

Секој од нас имал тешки моменти, на секого му се чинело понекогаш дека нема да успее да постигне нешто, дека нема да може да избега од тагата и болката, но лошите работи се минливи.

50-mali-potsetnici-so-koi-kje-mozete-da-go-nadminete-sekoj-tezok-den-01.jpg

Никој од нас не го поминал целиот живот во тага и болка, токму затоа, кога имате лош ден, сетете се:

1. Сите ние сме имале лоши моменти, не сте сами.

2. Утре е нов почеток и сè што се случило денес може да се избрише.

3. Сите ние сме изгубиле нешто, но она што сме го изгубиле нè прави посилни.

4. Сè уште сте живи.

5. Вредите за големи работи, дури и тогаш кога ви се чини спротивното.

6. Тоа што го чувствувате денес не ве дефинира како личност.

7. Времето лечи сè.

8. Бројте ги добрите работи во животот, не калориите.

9. Дозволено ви е да не бидете во ред.

10. Анксиозноста и депресијата не треба да бидат причина за срам.

11. Секогаш има некој кој се грижи за вас.

12. Барањето помош не ве прави слаби.

13. 40 години отсега, нема да се грижите денес што сте изеле парче торта.

14. Споредувањето со другите нема да направи ништо друго, туку само ќе ви наштети.

15. Секој се концентрира на своите маани, па нема време да ги забележи вашите.

16. Не ги кријте негативните емоции. Разговарајте со некого.

17. Секој ден е подарок со кој треба да направите нешто ново.

18. Денес можеби не ви бил денот, но тоа не значи дека утре нема да ви се случи најдобриот ден во вашиот живот.

19. „Премногу размислуваме, а премалку чувствуваме“ - Чарли Чаплин.

20. Смеењето ќе ви ги зголеми ендорфините - што чекате?

21. Истото важи и за прегрнувањето.

22. Живееме во свет каде постои чоколадото.

23. Денес не е засекогаш

24. Лошата врска можете да ја надминете, треба само време.

25. Тоа што сте тажни без причина не ве прави луди.

26. Не е кривично дело ако сакате да си дадете оддишка и да се погрижите за себе.

27. Ако живеете, тоа значи дека се борите, преживувате и станувате посилни.

28. „Минатото може да боли, но како што јас гледам на работите или можеш да бегаш од него или да научиш од него“ - „The Lion King“

29. Ќе сакате повторно...

30. Најубавите работи кои можете да ги добиете во животот се бесплатни.

31. Понекогаш можете да го одберете полесниот пат, не е крај на светот.

32. Не мора да бидете храбри, секој ден.

33. Вистинските пријатели нема да гледаат на вашата тага како на товар.

34. Понекогаш сè што ви е потребно е само една прегратка.

35. Најлошите денови ќе бидат заборавени, тогаш кога ќе дојдат најдобрите.

36. Ако бидете среќни, постојано, така нема да научите нешто.

37. „Кога цвеќето не цвета, не го менувате цвеќето, туку средината во која расте“ - Александар Ден Хејер.

38. Ако имате покрив над глава, тогаш веќе имате една работа на која треба да бидете благодарни.

39. Ако имате негативна личност во животот, најдобро е да ја избришете и да продолжите понатаму.

40. Во ред е да не се сакате 100% моментално, но потсетувајте се дека секогаш се обидувате да изгледате што е можно подобро.

41. Дури и Бијонсе има лоши денови.

42. Не дозволувајте демоните од минатото да ви ја уништат иднината.

43. „Само во темнина можете да ги видите ѕвездите“ - Мартин Лутер Кинг

44. Дозволете си да заплачете, така си ја лечите душата.

45. Малите чекори се секогаш подобри од тоа да не преземете никаква акција.

46. Поважни сте отколку што мислите.

47. Вашиот живот е скапоцен и прекрасен. Не го заборавајте тоа.

48. Болката е моментална. Нема да трае целиот ваш живот.

49. Слушајте што ви зборува телото и следете ги неговите совети.

50. Тука сте затоа што сте чудо. Не дозволувајте еден ден да ви ја уништи целата иднина.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11-ти Октомври не е само празник, туку ден на храброста и копнежот за слобода - ден на нашата борба Денешниот празник 11-ти Октомври не е само неработен ден на кој со задоволство ќ...
Поучна приказна: „Скршив шолја, мајка ми ми залепи шлаканица, но една бабичка ѝ одржа лекција“ „Мајка ми ми залепи шлаканица и почна да ми вика. Плачев, се плашев од уште еден...
Емотивно писмо до сите жени кои се борат со неплодност До мајката која се бори. Не си сама. И јас бев таму. Ја знам болката. Безбројни ...
„Мајка донирала бубрег за да го спаси своето дете“ – Една од приказните за храброста на мајките од м... Мајка го донирала бубрегот за да го спаси своето дете, друга не се откажала од б...
„Во светот на бајките“, „Народни приказни“, „Салон Хармони“: Македонски серии и филмови кои ќе ве вр... Бајките на „Дизни“, сериите на „Нетфликс“ и „Амазон“, сите блокбастери од Холиву...
„Домашно подготвените торти на мајка ми и денес ме прават горд - фотки од моите стари албуми“ Секогаш имав интересни желби за тоа како сакам да ми изгледа тортата, па најчест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg