5 раскинувања за поголема среќа и благосостојба

Раскинувањата вообичаено имаат лоша репутација, но тие не секогаш се лоши. 

5-raskinuvanja-za-pogolema-srekja-i-blagosostojba-001.jpg

Всушност, понекогаш раскинувањето е чекор во вистинската насока.

Затоа овие 5 раскинувања ќе ви дојдат добро и ќе направат да бидете посреќни.

1. Технологија

Ако мејловите од шефот го преполнуваат вашиот инбокс, смартфонот се претворил во ваш непријател, време е да излезете надвор и да уживате во вистинскиот свет, наместо во дигиталниот.

Излезете надвор, дишете чист воздух и застанете да ги мириснете цвеќињата околу вас. Одберете интересна книга и навлечете се на нејзините страни без да ве вознемируваат известувања. Тргнете го телефонот и ставете го на тивко додека сте со други луѓе и вежбајте ја уметноста на слушањето. Бидете присутни, одговарањето на мејлови и пораки може да почека.

2. Неограничено трошење пари на нездрава храна и пијалаци

Порачувате храна дома, ќе излезете со друштвото на некоја вечера и често пиете кафе од кафуле – сите овие трошоци, големи или мали на крајот прават еден голем хаос во вашите финансии. Почнете сами да си правите кафе дома и со парите што ќе ги заштедите обезбедете некој интересен фитнес час со кој ќе го направи вежбањето забавно или патување на место кое отсекогаш сте сакале да го посетите.

А, што се однесува до храната прескокнете ги сендвичите и  салатите и одберете нешто шарено и вкусно. Ако планирате внимателно, може да приготвувате вкусна храна дома која сигурно ќе ве чини многу помалку пари отколку да бидете редовен гостин во рестораните.

3. Отровни врски

Како што стареете, луѓето се селат, распоредите се полнат, а слободното време исчезнува – што значи дека ќе ги откриете вистинските луѓе кои заслужуваат да бидат во вашиот живот. Кога веќе чувствувате дека некоја врска станала товар, тогаш можеби би сакале одново да ги процените нештата. Ова не е лесно, но сигурно и нив ќе им направите услуга. Здравата врска е двонасочна улица која има корист за двете страни. Ако некој штетно влијае на вашата благосостојба, тогаш таа личност веќе не треба да постои во вашиот живот. Знајте ја вашата вредност и правете здрави напори секојдневно да ја препознавате.

4. Премногу тренди, но евтина облека

Наместо да го испробувате секој тренд кој доаѓа, инвестирајте во класични парчиња кои вечно ќе бидат модерни и кои одговараат на голем број парчиња облека. Темни фармерки кои ви одговараат, бела кошула, црни балетанки, кожна (или скај) чанта и чизми – ова се нештата кои засекогаш ќе бидат во тренд. Ако овие парчиња не ви одговараат, тогаш одберете ваши сопствени синоними за класика и држете се до нив.

Исто така, ниските цени се примамливи, но уште еден одлучувачки фактор кој треба да го земете во обзир е квалитетот. Избегнувајте материјали кои се распаѓаат или се собираат уште на второто перење.

5. Осаменост

Осаменоста знае да биде ужасна на моменти, но наместо да ѝ дозволите да се претвори во очај, изборете се против неа. Ако некој се оддалечил од вас, а е некој на кој постојано мислите, зошто не стапите во контакт, па макар и да биде неочекувано? Иако е тешко да бидете ранливи и да воспоставите повторна врска, можеби таа личност ќе го направи истото и ќе се најдете на пола пат.

Да речеме дека сте се преселиле и не знаете никој освен луѓето со кои работите или можеби сѐ уште сте во градот во кој го поминавте детството, но ви е потребен партнер за јога. Без разлика за што се работи, зачленете се во локалните клубови и организации – тоа ќе ви овозможи да сретнете луѓе кои мислат исто како вас и имаат слични интереси т.е. најдобрата основа за градење пријателства. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg