Може да те честам пијачка?

Оној род во изумирање, културните мажи кои се џентлмени на кои црпката им фаќа доволно за да сфатат дека секоја самоуверена и паметна жена има свое мислење и став и дека нејзината улога не е да му ги мие нозете на мажот и водата да ја пие, сè уште изведуваат дамнешен и малку подзаборавен ритуал – праќаат пијачка на некоја девојка.

Moze-da-te-chestam-pijachka-01.jpg

Зошто? Од ќеиф. Гледаат девојка или група жени и само затоа што се весели, симпатични, придонесуваат за фина атмосфера, убави се за око и едноставно го осветлуваат просторот, мажот решил да ги почести, а тоа подразбира дека не бара ништо за возврат.

Зошто да не прати пијачка за подобро расположение? Едноставно се чувствува уште пофино со себеси.

Но, постои друга група на мажи со шабански менталитет, кој е убеден дека праќањето пијачка и прифаќање на истата од страна на девојка по автоматизам значи – Аха, ќе падне секс вечерва, јас ти пуштив пијачка, ти ја прифати.

Ваквите феномени, освен што имаат его до небото, сакаат да доминираат и се самобендисани нарциси, богами се и лутковци, бидејќи ако не им обрнеш внимание или недај боже ја одбиеш пијачката – им стануваш смртен непријател.

Девојката нема да ти стане роб и нема да ти е должна нешто, само затоа што ти си решил да ѝ пратиш една чаша вино или мартини.

Не знам од кога честењето пијачка стана синоним за – Ќе легнам јас нешто оваа вечер. 

Ќе си легнеш сам со своите лоши манири и воспитување и така додека си лежиш, подразмисли зошто девојката:

А) не ти ја прифаќа пијачката со која сакаш да ја почестиш и

Б) и таа ти прати тура од тоа што го пиеш за да се раздолжите, да бидете фифти-фифти и за да престанеш да ја третираш како своја сопственост за една чаша пијалак...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg