Животот поминува додека да трепнеш. Не трепкај!

Животот е краток, толку краток како здив, поминува додека да трепнеш, додека да кажеш Оп! и да го направиш тој скок. А, нас ни поминува во мислење, премислување и туфкање.

Zivotot-pominuva-dodeka-datrepnes-ne-trepkaj-01.jpg

„Не можам да излезам, не ми ја погодија фризурата, не можам да ве дружам, немам што да облечам“.

„Што ќе мислат неговите другари за мене кога сум подебела од него, што ќе речат моите другарки за него бидејќи е понизок од мене?“

Сериозно, до кога ќе нè засега мислењето на толпата? До кога таа ќе ни ги диктира правилата, ќе ни го крои капите, ќе ни ги премерува облеките?

Секој нека биде кројач на својот живот. Нека греши, нека скршнува од патот, нека паѓа и станува стотина пати. Затоа што тоа е поентата, да учиме од грешките, да преживуваме, во тоа кусо време кое ни е доделено.

Никогаш нема да им угодите на луѓето. Да тргнете денеска и секому да му поделите колаче, еден ќе рече благодарам, другиот ќе рече – Зарем само едно колаче?, третиот ќе рече – А нема млеко со колачето?, четвртиот – Кај го најде ова колаче, можеби е расипано, а јас додуша повеќе сум по соленото...

Па, престанете да се занимавате со туѓите мислења. Не сте предмет на ничија забава, не сте тука да анимирате никого, освен самите себе.

Не сме створени на светот да задоволуваме туѓи критериуми, туѓи апетити и очекувања. Најголем успех е – да се сакаме себеси. Да си дадеме шанса на себе. Да се усреќиме себе, по свои правила.

Ти како што сакаш, ти како што си замислуваш, ти како што сонуваш. Не твоите родители, не соседот, ниту онаа тетка што ја гледаш еднаш во 3 години, вообичаено на свадба или погреб, во зависност од пригодата и која има доблест да те праша – Ти што правиш со твојот живот?

Следниот пат одговори ѝ дека го живееш својот живот. И не лажи ја, живеј го.

Пред неколку години, дојдов прилично нервозна на работа. Утринскиот хаос и одвратното време ми го столчија мозок уште пред да се сместам во столчето.

Имав слушнато приказна, како во текот на животот се случува да сретнеш непозната личност во лифт на само неколку секунди која ќе ти го смени животот.

Се возев со неколку колешки и една бабичка која набљудуваше како нервозата се истура и се лее од мене.

Непосредно пред да излезам, ми ја фати раката и само шепна: Животот поминува додека да трепнеш. Не трепкај!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
За мене Скопје е... мирисот на липи во јуни Скопје е токму ова – мирисот на липа во јуни. Благата арома ги надразнува сетила...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg