Солзите на детето од кафулето

Беше четврток попладне, ден и време од неделата кога ништо посебно не се случува. Влегов во кафулето и ја оставив чантата на столот и несмасно се сместив во удобната фотелја. Беше тоа заслужена пауза после долгиот, напорен ден.

solzite-na-deteto-od-kafuleto-01

Едно големо, топло макијато, направи ми го малку појако за да ме расони” му реков јас на келнерот, а тој се насмевна велејќи „Знам, знам, секогаш го пиеш такво” и замина на шанкот по моето кафе.

Другите гледаа чудно во мене, како да беше најчудна работа на светот човек да седи и да пие кафе сосема сам, како да беше правило дека мора да има некој до мене, како да беше забрането да уживаш во дневната доза кофеин сам, но не им замерував, нека кршат глава си помислив.

На масата лево од мене немаше никој, а десно од мене седеше една мајка со своето дете. Иако изгледаа како семејство кое има нормален однос, едноставно нешто со нив не беше во ред. Жената, инаку млада, можеби на моја возраст, носеше бела кошула која беше подоткопчана и тоа не само едно копче, туку дури две копчиња што правеа нејзиното деколте да дојде во преден план.

Носеше тесни фармерки и нападен црвен кармин, а косата и беше фатена во пунџа. Детето за разлика од неа беше облечено многу скромно, дури се гледаше дека облеката која ја носи му се смалила, бидејќи ракавите му беа до подвратени, а поради тоа што пантолоните му беа премали му надзираа малите глуждови, дури и неговата коса беше неисчешлана. Изгледаше несредено.

Додека демнев потајно, како гром од ведро небо мајката му залепи шамар на детето и се развика во обид никој да не ја слушне, а сепак да го исплаши малото невино суштество.

„Проклетијо една, цел живот ми го уништи, јади од сендвичот инаку ќе добиеш не уште една, туку поворка шамари што ќе те натераат да помислиш дека ќе беше подобро да изедеш сѐ. Заради тебе се омажив, заради тебе додека сите го живееа животот јас менував пелени и не спиев во доцните ноќни часови. Ти ми го уништи животот, зарем тоа е малку па сакаш да ми го уништиш и денот кога уживам во кафето. Јади глупаво детиште, јади!”

Со крвожеден поглед се обрати сега веќе не толку атрактивната госпоѓа. Му ја фати витканата коса и му ја напика во чинијата. Сите зјапаа во неа, а кутрото детенце со солзи во очите пикаше од сендвичот и голташе големи залаци само за да ја задоволи. Го повика келнерот и усрамена од својата одвратна постапка плати и го одвлечка детето со сила. Тоа плачеше, одвнатре плачев и јас.

Ми се кинеше душата што едно кревко суштество имаше таков товар на рамениците. Зарем тоа беше криво за своето постоење, зарем е можно да постојат такви мајки монструми кои ја имаат способноста да го мразат своето дете. Дали беше можно некој да го презира својот плод.

Каков живот ќе има тоа дете и какви спомени ќе понесе во иднината, дали некогаш ќе знае да сака и да ја почувствува вистинската љубов, дали некогаш ќе престане да се чувствува осамено.

Моето макијато пристигна, колку и да се обидував да ставам шеќер во него беше горко, горко како чувствата на стегнатата мајка со детето. Можеби душата ми беше огорчена што на светот постојат такви жени и ожалостена за судбината на децата кои мораат да бидат со нив, и тоа го чувствував со секоја голтка на кафето.

Цело време се мислев како е можно да ја отфрлиш љубовта од најискреното суштество на светот, детето, а да сакаш да го уништиш неговиот живот обвинувајќи го него дека намерно го уништило твојот, зарем децата се способни, кој лудак би го помислил тоа?

Со часови останав во кафулето да го лижам голтка по голтка своето големо макијато и да размислувам за расплаканите очи на невиното дете.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg