Ти си личноста која го надополнува моето комплетно лудило

Сите сме чудни, понекогаш можеби и премногу несфатливи за луѓето кои се околу нас, затоа додека сме на подиумот наречен општество можеби не сме целосно слободни, но кога ќе се изгаснат светлата започнува еден нов чин во нашето живеење.

Ti-si-licnosta-koja-go-nadopolnuva-moeto-kompletno-ludilo-01

Неа ја запознав можеби уште пред да знам за себе, уште кога земјата не го открила небото или можеби кога водата сеуште не го почувствувала ветрот за да ги создаде огромните бранови кои дивеат. Заедно сме апсолутно откачени и работите кои ги правиме кога никој не гледа, не зборувам за оние перверзните, се работи за кои светот би ни дал диплома за целосно лудило.

Има денови во кои таа е целосно отсутна, лута на светот, лута на се што дише и постои, лута на мене, така без причина. Тогаш додека таа со мрчење лежи во креветот јас ја земам нејзината нога и на нејзиното стапало, преправајќи се дека зборувам  на телефон, раскажувам мотивирачки приказни само за да ја насмеам. Таа секогаш се смее кога ќе заѕвони другата слушалка, нејзината друга нога и настанува еден дијалог помеѓу мене и самиот јас.

Понекогаш, можеби и секогаш таа заспива на каучот кога гледаме филм, а јас како недоразвиено суштество ќе започнам како куче да ја душкам во деловите на главата и како што кучињата нестрпеливо го вадат својот јазик за да го излижат својот сопственик јас започнувам да се лигавам оставајќи ја во целосен шок. Понекогаш знае да ме нарече ненормален, но јас со смеа и кажувам дека веќе сум го прифатил фактот за таа моја состојба.

Нас ни е пишано секогаш да живееме погоре од  четвртиот кат, затоа додека сме во лифтот и сме сами, а се возиме нагоре, се вртиме кон огледалото и започнува еден видео спот во кој јас сум главниот рапер, а таа женскиот вокал. Правиме некои чудни танци се додека тресењето на лифтот и стравот од паѓање не го прекине тој монументален видео запис.

Понекогаш додека чекориме по улица знаеме да се преправаме дека сме странци и дека зборуваме некој неразбирлив јазик, дури честопати се случува да зборуваме глупости кои немаат смисла, а звучат како некој скандинавски јазик и да ги слушнеме луѓето како дебатираат дали сме од Шведска или Данска додека ние прснуваме од смеа.

Наутро додека сме во кујната замислуваме дека тоа е нашата кулинарска емисија и се натпреваруваме кој ќе направи подобро јадење, ретко, но знае да се случи, на нас да носиме само престилки за готвење и ништо друго.

Сè уште сме млади, но знам дека такви ќе останеме дури и кога во куќата ќе имаме цел тим од деца, дури и сега сме подготвени за тоа, бидејќи таа, мојата луда љубов, знае да стави панталони на својата глава, а потоа насилно да ги наметне на мојата глава преправајќи се дека ние сме две чудовишта. Тогаш започнува една брканица низ нашиот стан се додека комшијата не дојде на врата.

Многупати на социјалните мрежи сум прочитал дека тоа е целта во животот, покрај себе покрај успешна, силна, средена, верна и паметна жена, потребно е да имаш откачена жена, чудак сличен на тебе. Некој со кој ќе можеш да бидеш потолно одлепен и да не се срамиш да го покажеш тоа.

Затоа навечер додека спие знам да и зборувам колку жените го загорчуваат животот на мажите, секако сето тоа на шега, таа не може да ме слушне, а јас без нејзино знаење само го гледам тоа лице и му се заблагодарувам на Бога што по некоја поврзаност на настани ја донесе во мојот живот.

Да не беше така јас ќе бев само осамен чудак, вака можат заедно да не осудат, а притоа да не ми гајле што мисли светот, бидејќи се што ми е потребно е она што го имам крај мене.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg