Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Оставете ги луѓето, нека плукаат...

Ние не се раѓаме исти со причина. Ние не треба да живееме на истиот начин со останатите,бидејќи секој ја испишува својата историја по свои верувања. Она што ни се случува нас во секојдневното постоење не им се случува на останатите, затоа секој од нас е целосно различен.

ostevete-gi-lugeto-neka-plukaat-01

Луѓето или ајде да кажеме општеството, честопати знае да се стреми да ја разбие таа различност, да нè натера да влеземе под одреден калап и да ја следиме линијата која тие ја нацртале, без некој да им го даде правото за да го прават тоа.

Сè почесто во светот одекнува приказна за луѓе кои си го одзеле својот живот само затоа што биле нагмечени од злото на општеството. Огнени јазици кои не знаат за доста, зли јазици кои имаат за цел да го расипат денот на еден обичен човек.

Дали сме доволно силни да го издржиме притисокот и да не се изгубиме себеси?

Утрово застанав пред огледало и се запрашав, кои се тие луѓе во мојот живот. Во хиерархијата која јас ја создавам кое е нивното место и дали воопшто тие залужуваат некакво место во тие мои подредувања.

Што ми значат лошите коментари под секој напишан текст, или погрдните повици како замена за моето име. Дали јас треба да се откажам од она што го правам за да ги одбегнам и да живеам целосно анонимно, без да им давам можност да ме забележат и да ме озборуваат или напротив треба да бидам трнот во нивното око за да ги болат успесите кои се запишани зад моето име?

Дали треба да ја скратам косата, само затоа што така налага професорката по македонски јазик и дали треба да престанам да носам скинати фармерки со синџир, за продавачката од малото да не ме нарекува чудак?

Дали треба да молчам секогаш кога некој се обидува да ме навреди и да направи нешто што е различно од моите сфаќања. Дали треба да престанам да се движам на подиумот само затоа што имам некој килограм плус?

Дали треба да престанам да ги кажувам моите емоции и да ги изливам моите чувства секогаш кога ќе посакам, само за да не ме наречат „лузер со патетичен менталитет“?

Ликот од другата страна испраќа една искрена насмевка, незабележлива, но искрена, вели „Зошто да престанам?”

Ова тело, овој мој храм со сопствени верувања е моја креација. Овој живот и овие години кое ги носи ова тело се моја сопственост. Тука никој нема налог да врши промени без мое лично одобрување. Можат да го навредуваат, можат да не веруваат, можат да се противат и да испраќаат армија од злоба за да го уништат.

Јас тоа нема да го дозволам. Косата ќе ја носам како што јас сакам, фармерките ќе бидат скинати, поткустрени, офарбани по моја замисла. Она што правам и начинот на кој се однесувам ќе биде соогласно со моите манири за постоење.

Мојот физички изглед ќе биде соогласно фактот да бидам здрав, безразлика ако на себе имам пет килограми вишок, единственото нешто што е важно е да бидам здрав. Немам намера да гладувам само за да влезам во нивната рамка на совршеното. Она што го работам и она за кое ќе ми најдат замерка, ќе го прифатам како критика од кој нешто можеби и ќе применам.

Но, да се променам?

Сè додека чекорам по оваа земја ќе правам онака како што ми вели срцето и душата. Не ми е грижа колку тоа нив ги засега, колку тоа им пречи и колку ќе ги натера да ме озборуваат, да ме омаловажуваат и вреѓаат секојдневно одново и одново.

Тука сум со причина, а таа причина е токму јас да оставам еден поинаков печат на општеството со моето постоење.

Јас не сум тука за да бидам еден обичен калап, робот или машина која само ќе го следи она што е нормално и просечно, за да не биде предмет на стрелба, на оние на кои тоа им пречи.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Се сеќавам на маалото од моето детство – Си игравме на неасфалтираната улица, се криевме во гаражата... Кога сега ќе погледнам што сè е останато од моето маало, се запрашувам дали стан...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg