Дали се срамите од себеси професоре?

Велат ослободи се од гневот, не е важно каде и не е важно кога, ослободи се за да можеш да почувствуваш слобода. За да можеш да ја видиш твојата душа како конечно ги отфрла стегите и започнува една нова ера на твоето постоење.

dali-se-sramite-od-sebesi-profesore-01

Денес сум тука, во раката држам книга, таа го носи вашето име професоре, името кое требаше да ме научи на сите убави работи, да ме образува, да ме воведе во светот и да ме подготви за она што се нарекува живот. Но, нели велат дека во животот не го добиваш она што го очекуваш и затоа се разочаруваш, нели е така професоре?

Додека седиш во клупите во основно училиште не ги чувствуваш неправдите, бидејќи твојата душа е кревка за да може да се соочи со црнилото во душата на возрасните, но кога ќе седнеш во средношколските клупи ги отвораш очите и сфаќаш дека животот е нефер, дека професорите се нефер, дека сè е некако отидено во погрешен правец.

Знаете ли колку ноќи не преспав професоре за да се појавам подготвен на вашите часови, да ја раскажам последната лекција и чесно да ја заработам мојата петка? А, вие кој глумевте строгост, вие кој сакавте да бидете авторитет ќе ја цицавте душата на оние кои не ве познаваа, на оние кои не беа деца на доктори, директори или ваши познаници? Мојата петка не е иста со нивната петка тоа го знаеме, но на документ кој го интересира? И тој што знае, петка и тој што не знае да отвори уста, петка... Дали тоа е фер според вас професоре?

Наместо да претставувате еден пример за тоа како треба да бидеме праведни, да не ја наведнеме главата и да го зачуваме достоинството во животот, вие нè учевте дека не е важно кој што знае, туку кој кого знае. Нели ви е срам на тој начин да ја деградирате сами вашата професија?

Вие требаше да инспирирате, со секоја клетка на вашето тело да нè внесете во материјалот и да нè натерате да се откриеме себеси. Вие требаше да ни бидете втор родител кој ќе нè одведе на вистинскиот пат. A, вие бевте таму само да ни кажувате колку сме неспособни, прости, а притоа не се ни потрудивте да предадете нешто за да нè научите.

Кажувавте секој час во тие проклети 45 минути како вашата работа е напорна и најтешка и како вие не сте платени, а половина од нас имаа родители кои работат во погон по 10 часа стругајќи делови за третина од вашата плата, во ладно, без одмор за викенд, без одмор за празник... Нели тоа е потешко професоре?

Ми рековте дека никогаш нема да успеам во животот, дека не ме бидува за ништо. Бистревте политики, нè делевте според тоа чии родители за кого гласале и правевте сѐ, освен тоа што ви беше задача, да го предадете материјалот. Нели се срамите од себеси професоре?

Го колнев секој ден само заради тоа што морав да ви се поклонам, да се преправам дека ме интересираат вашите глупави приказни, а знаев дека нема никаква корист од седење на вашиот час. Но, морав бидејќи вие така налагавте. Дали после толку нанесени неправди можете да спиете професоре?

Јас сум на мојот пат, патот до успехот, далеку од она што вие ми предвидовте, фала му на Бога што никогаш не ве послушав, ниту кога ми рековте дека сум неуспех, ниту кога ме теравте да го сменам стилот. Ме мразевте, ниту јас не ве сакав, но знаете што, јас барем имав сопствено јас, а вие го немавте.

Знам дека ве болеше што не можете ништо против мене, бидејќи јас го имав знаењето како моќна алатка против вас, човек кој се криеше зад своето незнаење и затоа мораше да измислува топла вода за да помине времето. Јас ќе успеам, а вие дали вие ќе можете да си простите некогаш професоре?

Знам дека не сте само вие, има многу налик вас, насекаде... Само сакам да знам дали тие ќе можат да легнат навечер и да спијат мирно, знаејќи ги сите неправди кои ги нанеле на луѓе кои тоа не го заслужиле?

Ја гледам книгата како гори пред нозете, вашето име исчезнува, конечно сум слободен од сите трауми кои вие ми ги нанесовте во детството, ве надминав, ве надраснав, а вие одбравте ли круг од пеколот професоре?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg