Никогаш нема да ги третирам моите деца на тој начин...

„Беше недела наутро, лежев во креветот и пробував да ја кренам главата од перницата, сум испил премногу претходната ноќ, па тоа кревање малку тешко ми одеше.

nikogas-nema-da-gi-tretiram-moite-deca-na-toj-nacin-01

Во станот до мене како да решиле да се испоубијат меѓусебно, имаше толкава врева што правеше да ми експлодира главата. Се обидував со перницата да ја пригушам вревата, но беше попусто.

Мамо ми се јаде, многу сум гладен, дај ми да јадам, веќе со денови јадам нешто намачкано, сакам нешто друго, мамо дај ми да јадам”. Викаше со плач детскиот глас на моето мало сосетче.

„Слушни ме ти ваму, престани да се дереш на целиот глас, јас немам намера да седам овде по цел ден и да бидам на штрек само за да ги задоволам твоите потреби. Ако ти се јаде оди во фрижидерот земи што ќе најдеш, јас не можам да се заморувам со тебе.

Дојди, дојди да те видам ваму, што ти реков јас вчера, зошто пантолоните ти се валкани, пак играше во калта сега ќе си го добиеш, идиоту низаеден какво дете сум одгледала, ми ги кинеш нервите“ - викаше нервозната сосетка.

Потоа само слушнав дека ја тресна вратата и го слушнав гласот на малото дете како вика во ходникот „Отвори ми, отвори ми, пушти ме внатре“. Но, од другата страна немаше повратен одговор.

Станав и така облечен по пижами ја отворив вратата. Детските невини очи срамежливо ме погледнаа, детето се срамеше од настанатата ситуација. Го повикав да дојде кај мене, општо беше познато дека сите деца од малата ме сакаат бидејќи често знаев да ги почестам со кусурот од трафиката.

„Имам мусака од вчера, малку кечап и вегета, знаеш ти студентски живот, не е многу ама ќе поткаснеме. Седни на масата“ - го погалив по главата додека се упатуваше кон јадењето.

Детето јадеше  и ги бришеше солзите, лакомо грабаше од сè што се најде во садот, јас не јадев ништо, бидејќи душата ми се полнеше кога го гледав како трапаво боцка со виљушката. Му дадов и сокче и му пуштив игра на лаптопот. Му кажав дека јас ќе учам во собата, а тој може да седи тука колку ќе посака.

Тој беше тука цел ден, неговата мајка не дојде да го побара, ниту па да се запраша каде воопшто е нејзиното дете кое таа го избрка надвор. Вечерта кога посака да си оди, го однесов и заѕвонев на вратата, лудата сосетка излезе и ми се дереше мене, му се дереше на детето.

Му залепи шамар и почна да го тегне за косата.

„Госпоѓо ако не престанете ќе викнам полиција, ова не може така“ - ѝ се развикав јас на лудата жена.

„Кој си ти да ми кажуваш, изгуби се одовде да не те гледам“ - ми ја тресна вратата.

Долго време се мислев дали да го завртам бројот на полицијата, бидејќи не знаев дали ќе му направам добро или лошо на детето, ама познавајќи ја лудачата знаев дека тоа само ќе ги влоши нештата.

Ми беше жал што неговото детство ќе го помине со една таква жена која не ја сака улогата на мајка.

Не можев да сфатам што ги тера да живеат на тој начин и да бидат себични, зошто го отфрлаат она што треба да им биде најмило?

Но, се помирив со фактот дека такви луѓе, за жал, постојат и си дадов ветување барем додека седам тука во станот ќе го викам од време навреме за да му го разведрам денот.

Во главата си ветив уште едно нешто, никогаш нема да ги третирам моите деца на тој начин, никогаш нема да им зборувам на тој начин, бидејќи ниту едно човечко суштество не заслужува таков третман, особено не дете.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg