Последниот ден на мојот најверен пријател дојде без најава...

Беше типично утро во вторник, истата рутина наутро, со кафе во рака листав утрински програми на телевизија, чекајќи да дојде времето за да одам на работа. Немаше ништо специфично, само истото досадно повторување.

Toj-ne-bese-covek-no-mi-bese-se-01

Таа утринска рутина вклучуваше хранење на мојот миленик, кој нестрпливо чекаше да биде нахранет и оставен сам за да започне неговата авантура низ куќата. Беше како едно мало, палаво дете.

Лео го имав уште од кога знаев за себе, секогаш знаев да се пошегувам со мајка ми дека тој е мојот брат близнак и ја прашував дали е сигурна дека не нè родила заедно. Со него ги делев сите успеси и со него ги дочекав сите радости, од полуматура до дипломска, едноставно не го сметав за животно туку за човек без кој мојот ден не е комплетен.

Тоа утро не дојде трчајки, се симна по скалите мрзеливо, пополека и легна до чинијата, мислев дека е гладен, па побрзав да му турам од хранта. Тој ни тогаш не се помести. Го погалив по главата и пробав да си поиграм со него со неговата омилена играчка, но тој не сакаше.

Лежеше до чинијата и како да му течеа солзи од очите, си помислив мора да му е од староста, бидејќи беше стар скоро 15 години. Го почешав како што тој сакаше а тој само ми се пикна во раката и не сакаше да се одлепи, си мислев можно е повторно да има земјотрес, обично беше чуден пред тие природни непогоди.

Пред да излезам, испушти чуден глас, како да цивкаше по мене, а јас му реков дека ќе се вратам за само осум саати, оставајќи го така легнат во кујната.

На работа беше навистина досаден ден, истите документи, истите луѓе, истите осум часови како претходно, а мене во главата ми се вртеше една мисла, што беше она што го мачи Лео, зошто неговите очи солзеа. После осум часа психичко измачување стигнав дома. Ја запалив сијалицата и веднаш го повикав мојот пријател.

Викав, но никој не се јавуваше, немаше движење по станот, го немаше веселото кафено кутре да потрча во нозете и да ми ја разубави вечерта. Се преплашив, отидов во кујната и го најдов легнат на подот, не мрдаше, не даваше знаци на живот.

Целиот во паника го повикав мојот другар ветеринар кој констатираше дека мојот најдобар другар, оној кој не беше човек, а ми беше сѐ, доживеал смрт од старост, онаа најубавата која секој би требало да ја доживее. Пријателот ми рече да не се грижам бидејќи бил сигурен дека јас сум му ги пружил најубавите години од неговиот животен век. Неговиот живот траел максимално според сите пишувања за кучињата од неговата раса.

Јас седев на каучот и не можев да си верувам, во главата ми се вртеа неговите солзи и неговото цивкање тој ден пред да одам на работа. Зарем тоа беше нашето збогум, зошто не можев да препознаам. Тој ми кажа дека ќе си оди за секогаш, а јас немав прилика да го предупредам дека нема да можам без него.

Како ќе течеше животот без неговиот палав јазик на мојата глава и без неговите валкани шепи на мојот костум?

Каква смисла ќе имаше животот без Лео, кој ќе ги развеселува деновите кои се тотално бесмислени?

Овојпат јас пуштив солза, една од едната страна, друга од другата страна. Двете паѓаа симетрично, за Лео и годините кои тој ми ги направи монументални, за нашиот живот кој беше неопишлив. За едно другарство кое не може да се опише, туку едноставно се чувствува по срце.

Ех Лео, Лео....

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg