Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Животе ме слушаш или треба да се караме?

Се будиме секое утро, час покасно или можеби час порано. Трчаме низ домот трудејќи се да оставиме што е можно помал неред, а да стигнеме да направиме сè пред да се јурнеме низ вратата како стампедо кон нашите обврски.

zivote-me-slusas-ili-treba-da-se-karame-001.jpg

Ги слушаме истите пцовки во автобус и истите трач разговори, секое утро на патот до работа, земаме варен ѓеврек или бурек со јогурт, кој колку има за да ја затнеме гладта која продира во нашиот стомак. Јадеме набрзинка, бидејќи немаме време за побавно, сè некако ни стана динамично, сè некако постојано се менува.

Луѓето ги гледаме се поретко, се смееме на светот дека таму не си ги знаат комшиите, но не можам да се сетам кога последен пат сме пиеле кафе со соседот на балконот. На славите сме сè помалку и помалку и сè почесто си ги забораваме родендените, а со тоа се оддалечуваме од роднините.

На работа еден тон обврски, никој не те прашува, никој не те разбира, сите викаат, сите урлаат, сите бараат сенешто и на никој ништо не му се погодува. Таман ќе мислиш си завршил со сè и ќе се потпреш на фотелјата за да се одмориш и оп несакајќи си ја бутнал шолјата полна кафе.

Излегуваме само ако имаме полн паричник, што значи излегуваме ретко, секако има и исклучоци, но зборувам генерално земено. Пиеме исти пијачки, слушаме исти музики, понекогаш тоа не го правиме за душа туку онака од една здодевна рутина, без никакво задоволство.

Некако сме навикнати сѐ да биде рутински, понекогаш дури стапуваме во брак само за да престанат да не тормозат нашите по дома. Потоа ќе те напнуваат за деца, па за куќа, па за автомобил,  па за стан. Само ги следиме правилата кои одамна ги наметнало општеството.

Си седам така, се нишкам на столот на работа додека пишувам буква по буква во компјутерот и си велам, добро бе каде ми беше паметот кога сакав да пораснам?

Како да ја добив моќта да ги гледам сите неправди со годините, а да не можам да помогнам, како да бев во бесконечна јамка на безизлезности, горе високо, долу длабоко. Можев да ги видам сите тие лица изнемоштени од секојдневието, добив бескорисна моќ да ги гледам неправдите, а да не можам да помогнам. Како да бев пропаднат Бетмен на современото општество.

Јас само сакав да ги ослободам од стегите. Не знам од каде ми одеа тие луди идеи, но едноставно мислев дека е можна хармонична безгрижност. Знаете како еден систем кој балансира со својата енергија.

Посакував таа рутина да може да се смени и да направи баланс помеѓу нервозата и чувствувањето ослободеност.

Знаев да се свртам кон ѕидот и да се обратам кон животот иако таму немаше никој, „Животе потруди се некако да избалансираш меѓу богатството и сиромаштијата, најди средина помеѓу љубовта и омразата, спој ги далечината и блискоста и направи нешто, нешто за да го вратиме овој свет на луѓето кои заслужуваат да бидат среќни, доволно тагувавме.”

Од таму немаше одговор, само мртва тишина...

Животе ме слушаш? 

Или треба да се караме?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...
„Намерно се запуштав за да не излезам од дома, Скопје ме гушеше - едвај се извлеков од депресијата“ „Не миев коса со денови за да имам изговор - кај да одам со мрсна коса? Нок...
Во автобус од Скопје до Милано патував со жена на која сè ѝ пречеше и само се бунеше - Зошто не е уб... На почеток да појаснам која е „Славица“ (ако не знаете) - тоа е секоја жена на к...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg