Природата знае најдобро – 5 животни лекции кои ќе ги научите од вашата градина

Науката докажала дека природата има способност да лекува. Излезете надвор и пронајдете малку време да се поврзете со природата секој ден, дури и доколку станува збор за обична прошетка низ населбата или 10-минутна медитација на клупата во паркот или покрај кејот.

Prirodata-znae-najdobro-5-zivotni-lekcii-koi-ke-gi-naucite-od-vashata-gradina-01.jpg

Зачудувачки, нашиот живот има многу сличности со оној на растенијата во градината. Доаѓајќи во допир со природата, таа нè подучува на 5 моќни животни лекции:

Љубовта е исклучително моќна алатка

Дали сте забележале дека кога им обрнувате повеќе внимание на растенијата и се однесувате со поголема грижа и љубов кон нив, тревата е позелена, а цветовите побујни? Не, не станува збор за вашата имагинација, градината возвраќа на вашето внимание и љубов.

Љубовта докажано прави разлика и влијае врз здравјето. Таа го поттикнува создавањето на окситоцин, кои некои го нарекуваат уште и „гушкачкиот хормон“. Окситоцинот го зајакнува имунитетот, го намалува стресот и високиот крвен притисок. Љубовта која ја примате/давате го зголемува производството и на допамин, кој е поврзан со чувствата на среќа и задоволство.

Prirodata-znae-najdobro-5-zivotni-lekcii-koi-ke-gi-naucite-od-vashata-gradina-02.jpg

Откажувањето не е опција

Дали сте забележале дека кога го поткаструвате дрвото или ја корнете тревата во градината, тие повторно растат и се намножуваат? Природата продолжува да се бори и покрај неудобноста и лошите услови. Можете да се обидувате да ја скротите, но таа просто одбива да се покори. Колку и да изгледа фрустрирачки, нејзината упорност е поттик за инспирација.

Слично како и вашата градина и вие го имате потенцијалот да се развивате и да напредувате, без оглед на пречките кои ви ги поставува животот.

Еве еден совршен пример: Во 1994 година, Џ. К. Роулинг штотуку се развела, живеелa од социјална помош и одвај успевала да го прехрани своето бебе. 3 години подоцна ја издала првата книга за Хари Потер – „Хари Потер и каменот на мудроста“, а целиот серијал книги продаде над 400 милиони копии ширум светот.

Поуката: Понекогаш, тревата која е искорната најмногу расте и се размножува најбрзо, станувајќи најсилното растение во градината.

Успехот е резултат на секојдневна работа

Доколку сакате да имате убава градина, потребно е секој ден да ја навадувате, да ја корнете тревата, да ги поткаструвате оштетените делови на растенијата. Дали сте забележале за колку краток период градината може да се запусти, ако не ѝ обрнувате внимание?

Слично како и со градината, соништата не може да растат и да се развиваат без секојдневно посветување на истите. Без оглед на околностите, доколку работите свесно и посветено секој ден, соништата (порано или подоцна) се остваруваат. Преземете барем еден чекор секој ден, без оглед колку и да ви изгледа малечок и ќе се изненадите од резултатите.

Прифаќањето на промените е нормално

Градината постојано се менува. На пролет цвеќињата цветаат, на есен пожолтуваат, овенуваат, а лисјата паѓаат.

Слично е и во животот. Вие може да очајувате во одреден период кога нешто замира или се менува, но може и да прифатите дека секогаш ќе има такви периоди, да ја прегрнете промената и да уживате во кругот на животот.

Без промени животот би бил досаден, дури тоа и да значи дека треба да исчистите огромна количина на лисја во градината или да го зачистите нередот во вашиот живот.

Prirodata-znae-najdobro-5-zivotni-lekcii-koi-ke-gi-naucite-od-vashata-gradina-03.jpg

Смртта е неизбежен дел од животот

Тревата понекогаш им пречи на растенијата. Доколку сакате да цветаат тие, морате во одредени делови да ја искорнете неа. Доколку сакаате да има повеќе зелена површина, ќе мора да жртвувате дел од растенијата.

И ние луѓето сме дел од животниот циклус на раѓање и смрт. Наместо да ѝ се плашиме на смртта, треба да сме свесни дека таа е природен и логичен дел од животот.

Свеста за смртта како процес кој е неминовен ни дава слобода целосно да го прегрнеме и да го уживаме животот кој е само еден и се случува сега.


Секој ден е нова можност, ново чудо. Да ги цениме чудата на природата и радоста на животот.

Да споделуваме љубов и малку по малку, секојдневно да ги остваруваме своите цели.

Да го прегрнеме секој момент, дури и во промените, несигурностите и смртта.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Ако беше лесен животот со личноста што ја сакаш, немаше да вреди“ „Животот со личноста што ја сакаш не е таков како што сите си мислат. Не станува...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg