Само се лажев дека наредниот круг ќе биде добитен...

Постојат многу лоши пороци во животот на кои што можеш да се навлечеш кога ќе наидат тешки моменти во твојот живот. Баба ми знаеше да каже дека од лошото има полошо, таа секогаш велеше дека на женкарот ќе му помине машкоста, пијаниот ќе се отрезни, но оној кој се зафатил со комар, за него нема враќање назад.

samo-se-lazev-deka-naredniot-krug-ke-bidam-dobiten-01

Седев на масата и го пиев горчливото кафе, во главата ми се вртеа тие зборови, но си реков само уште еден круг, овојпат парите се мои. Колку и да не сакав да признаам јас бев веќе болен, од болест која уште од времето на баба ми немаше лек. Ме допираше во мозокот и не можев да ја извадам таа мисла од главата дека мора да одам таму за да заработам.

Будала, зарем постои некој што од таму заработил пари?

Денес изгуби многу, утре добиј малку и пак и пак одново со нетрпрение како некој кој се мрднал од умот со очите го следев топчето и бројките на кои ќе застане. Денар по денар, до последен денар ја хранев таа клета машина која не знаеше за доста.

Денес богат, утре гладен, денес среќен, утре уништен од животот.

Зошто упорно настојував да се вратам во тоа клето место кое цицаше сѐ од мене, ме оттргна од пријателите, ме оттргна од љубовта, ме претвори во човек кој ни самиот не го познавав, колку и да ме болеше да признаам, ми беше срам да се погледнам во огледало.

Во што се претворив јас?

Зарем идеите кои ги имав за животот, за успех, за кариера, за семејство, за вечна љубов и хармонија ги заменив со една мисла, дали рулетот во казиното ќе ме крене и ќе ми го дуплира влогот или ќе ме спушти и ќе ми го преполови парите.

Каде ми беше паметот кога последните пари наместо за парче леб јас ги гнетев во машината сонувајќи дека ќе извадам пари за хамбургер.

Каде беше оној скромен човек кој работеше макотрпно за чесна дневница, кога се претвори во крвожедна ѕверка која лакомо сака да се збогати, на најлошиот можен начин?

Убавите денови со пријателите ги заменив со долги денови во нервоза и пушење цигара за цигара, пиење кафе за кафе сè додека не се паднат моите бројки на рулетот, а имаше денови, седмици кога никако не се паѓаа.

Долгите вечери исполнети со љубов се претворија во нервозно чукање на машините полни со овошки. Зошто избрав да живеам така?

Зарем требаше да дозволам така да завршам? Зошто тежнеев да се самоуништам?

Луѓето сè почесто и почесто ме гледаа со жалење, моите по дома се почесто ме гледаа со презир, јас се почесто се позајмував и се почесто останував без скршен денар, а во главата имав само една мисла, овој круг ќе се кренам и ќе ги соберам парите.

Колку и да сакав не можев да престанам, тоа беше болест од која немаше назад, зошто дозволив да бидам заслепен иако знаев дека тоа е сосема погрешно, зошто?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg