Жално е да се гледа однесувањето на малолетните девојки по ноќните клубови низ Скопје

Вчера излегов после долго време. Знаете, јас сум од оние луѓе на кои кога ќе им се натрупаат обврски, помило им е да ја поминат вечерта во прегратките на саканата личност. Но, си реков, ајде, одамна не сум бил, зошто да не?! Со неа ќе уживам и утре...

zalno-e-da-se-gleda-odnesuvanjeto-na-maloletnite-devojki-po-noknite-klubovi-01.jpg

Во клубот бев можеби најстар, со оглед на тоа дека не видов многу луѓе од мојата генерација, сите беа помлади од мене. Нарачав коњак со една коцка мраз и застанав на шанкот. Носев карирана кошула со темни фармерки и кафеави кондури, не бев нешто посебно дотеран.

Го извадив телефонот на шанкот заедно со новчаникот, не за да се пофалам, туку едноставно не се чувствував удобно кога ми тежеа по џебовите. Телефонот беше најнов модел на iPhone, кој го купив со макотрпна работа, а благодарение на макотрпната работа и новчаникот ми беше полн, не преполн, но доволно за да живеам еден достоинствен живот.

Околу мене се завртија девојки чија возраст беше дупло помала од мојата, ако не и повеќе. Сите имаа нападна шминка и гради кои беа гордо извадени напред, со огромно деколте. Тесни хеланки и фармерки, коса врзана или извиткана и префрлена настрана. Едноставно беа провокативни со секој потег кој го правеа.

Јас уживав во музиката и во мојот пијалак, очекувајќи да дојде мојот пријател кој доцнеше, како и секогаш. На раката имав јасен знак дека сум зафатен, огромна златна бурма, но тоа не ги спречуваше да ги јадат маслинките од мартинито на провокативен начин и да се допираат додека играат близу до мене по нивните интимни делови, со цел да ме навлечат во нивната игра.

Да се разбереме, сето тоа е убаво и сето тоа звучи примамливо, но не кога девојката која го прави тоа не е ниту полнолетна. Половината од нив беа ќерки на мои школски другари, другата половина беа ќерки на познаници и луѓе со кои сум се сретнал во бизнисот.

Пиеја чаша за чаша, цигара за цигара, коктел по коктел, шот по шот и создаваа една одвратна слика. Не сакав гласно да изустам на што ми личеа, а сигурен сум дека ако ги видеа од дома, нивните ќе беа целосно засрамени и разочарани од нивното однесување. 

До крајот на вечерта беа камен пијани, пола од нив беа потпрени во тоалетот, а пола од нив завршија во автомобил со непознати машки личности кои беа повозрасни дури и од мене. Оние кои не можеа да дочекаат ред во тоалетот, повраќаа надвор, придружувани од машки личности кои ги допираа насекаде додека тие ги истураа нивните внатрешни органи.

Што ми беше поентата од целото ова мое раскажување?

Сакав само да ги прашам таквите млади госпоѓици, фала му на Бога што не се сите такви, секогаш има исклучоци, дали имаат воопшто достоинство?

Што сакаа да постигнат со таквото недолично, развратно однесување на толку мала возраст, дали некогаш ќе можат да ја избришат таа слика од главата на сите оние кои ги виделе и дали некогаш ќе успеат да го покријат срамот кој го создаваа?

Ги гледав и ми беше жал за нивните родители, кои макотрпно, секојдневно се бореа да им овозможат сѐ, дури и да им дадат пари за тие да можат да излезат таа вечер. Нивниот срам беше мој срам и јас се чувствував непријатно, бидејќи бев мета  на малолетните девојки, само затоа што имав пари и показатели дека добро заработувам.

Не знам како ќе бидам сфатен, но таквото однесување од млада девојка која треба да знае да има манири, да се почитува себеси и да остави впечаток на силна и самостојна жена едноставно не е дозволиво, барем за мене.

Всушност таа не ни треба да биде во тој бар, а не уште да пие повеќе од мене. Ако ме прашувате мене, таквата слика на една девојка руши сѐ што таа се обидела да изгради во својот живот, особено ако тоа се повторува одново и одново секој викенд кога таа ќе се обиде да ги убеди нејзините да ја пуштат да излезе.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Бев во болница во туристичко место во Македонија со синот - докторите ни се злато“ За жал, завршив на дежурство во туристичко место во Македонија поради интензивен...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg