Крзнен капут се купува, домашно воспитување - тешко

Постојано слушаме како младината денес е ваква или онаква. Ставени се на „на тапет“ и имам чувство дека секогаш се истакнуваат прво нивните маани, а дури потоа квалитетите кои ги поседуваат.

krznen-kaput-se-kupuva-domasno-vospituvanje-tesko-001.jpg

Но, она што сите го забораваме е дека таа младина има родители одговорни за нивното растење и воспитување. Или подобро би било да кажам дека нема родители, односно дека физички се присутни, но психички се којзнае каде со умот.

Ако мислите дека седењето дома по цел ден со децата ве прави подобар родител од оние коишто одат на работа, се лажете. Не му вреди на детето да е приковано во дневната соба цел ден со вас, додека вие жедно ги голтате сите турски сапуници на телевизија и не му обрнувате внимание за жива глава.

Тоа сака разговор, внимание и квалитетно поминато време со родителот. Можете да поминете и 24 часа со него во истата просторија и да не влијаете суштински никако врз неговиот развој, а можеби тоа ќе бидат 2-3 часа после работа, но квантитетот и квалитетот се неспоредлива категорија.

Децата се огледало на родителите, ама нивниве родители очигледно долго време не се погледнале себеси во огледалото.

Вообичаено кога одам во кино или театар начекувам невоспитано однесување од тинејџери. Се буцкаат, си фрлаат некои хартивчиња или пуканки. Си штракаат на телефоните, постојано се кикотат, иако ништо не е смешно, но добро. Тоа е времето, таква е младоста, ние не сме биле нешто подобри, да не се лажеме.

Ако културно ги замолиш да се смират, обично прекинуваат, со по некое кривење на јазикот. Тогаш дури ти стануваат симпатични, па и ти се смееш со нив. Младост – лудост.

Но, последното одење на театар ми „збоктиса“. Овојпат не беа тинејџерите оние кои го нарушуваа мирот и уживање во претставата, туку нивните родители. Три госпоѓи навлезени во петтата деценија од животот.

Стокмени, дотерани, интелектуалки божем. Ама цела скапа облека на светов и скапи чанти не може да ја сокријат вашата некултура.

Двете во мојот ред, очигледно најдобри пријателки си коментираа и си зборуваа како да се на приватна претстава, како да си чучнале во дневната соба. Гласно, без грам „усул“. И таа нивна дискусија траеше и траеше... останатите во редот прво ги погледнаа дискретно, па потоа малку накриво, за да им текне да престанат. Госпоѓите си беа во свој свет, таму каде што нема уште 200 луѓе со нив на претставата. Конечно некој рече: „Ве молам, може ли да бидете потивки“.

Двете карминисани госпоѓи го погледнаа одвисоко човекот, како да им направил некое злосторство. Со надменост во ликот „Како имаш доблест да ми се обраќаш така“, помолчаа нецели 5 минути, а потоа си продолжија. Дури на крајот од претставата констатираа меѓусебе кој е главниот лик, иако тој е еден од нашите најпознати глумци на сите времиња.

Бидејќи нели, толку разбираат. Што од уметност и култура, што од домашно воспитување. Ама тоа е таа ароганција која го крие невоспитувањето. Плукај и однесувај се надмено, да не препознаат другите колку си плиток и невоспитан.

Другата госпоѓа точно пред мене мислам дека успеа да ја фотографира целата претстава со мобилниот. Немаше сцена во која не го крена скапиот телефон и не штракаше и штракаше до бесвест, блокирајќи го погледот на публиката кон сцената. Се надевам дека била некоја новинарка која апсолутно морала да има 158 фотографии од претставата, но вистината е дека и таа наконтена госпоѓа беше една од низата невоспитани.

Па драги, во овој случај се погодивте сите (ненамерно) жени, а не е дека не постојат и невоспитани мажи, не ви вредат скапите маникири и витканите локни и облачето луксузен парфем кој ве обвива и се обидува да ја скрие вашата некултура и лошите манири.

Сакаме воспитана младина, кој „побогу“ ќе ја воспита? Трите госпоѓи со скапи маникири и евтини манири сигурно нема.

Крзнен капут се купува, домашно воспитување - тешко.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Ми се одмили Козјак за викенд, но бев во работен ден и беше идилично“ „Отидов после работа и на Козјак ме пречека спокој каков што не очекував. Немаше...
2-ри мај и денес ме потсетува на излет, скара и денот кога го запознав Ричард Гир на Водно Се сеќавате дека до пред 15-тина години Денот на трудот се празнуваше на 1-ви и ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg