Марфи на успехот: Врвот секогаш ми бегаше за еден поен...

Беше понеделник, трчав да фатам 7-ца, надвор имаше магла и беше прилично тмурно утро. Во раката на телефон ја држев табелата со резултати од испитите и зјапав во моите поени, брзајќи да стигнам на увид. Како што Марфи секогаш има изопачена смисла за хумор, за еден поен немав 10-ка.

vrvot-sekogas-mi-begase-za-eden-poen-01

Во мене имаше таков бес, најпрво кон себеси за некои ситни грешки кои ги направив, бидејќи најмногу боли кога го знаеш нештото, а пишуваш глупости, а другиот дел од тој бес беше заслуга на самата ситуација, тој еден поен кој често се случуваше да недостига, без разлика дали беше за да имаш повисока оценка или  фалеше за положување.

Стигнав пред вратата на асистентот и нервозно тапкав со ногата, нестрпливо очекувајќи да влезам внатре и да го запалам институтот од нервозата која ме облеа. Знаете оние избрзани реакции кога цел свет ви е виновен.

Влегов внатре и го видов асистентот седнат до еден куп тетратки, ја побарав мојата и брзав да видам каде се грешките, зошто ги нема поените и каде се изгуби целата таа мака во тоа макотрпно решавање и препотување. Каде погрешив за да не го постигнам највисокиот резултат?

Јас вриев од нервоза, а асистентот мирно без да му придаде на значење на мојот темперамент пиеше Coca-Cola Zero  и ја очекуваше мојата реакција. Погледнав таму и видов дека она што се бара е напишано, но беше направен мал лапсус во записот, поентата беше точна, но не и математичкиот формализам.

„Еве тука 0 поени од вкупно 5, зошто ми се одземени сите бодови, кога гледате дека заклучокот е точен само сум направил мал лапсус во математичкиот запис. Нели заслужувам барем два поени, казнете ме за грешката, но идејата е точна, а толку и ми фали еден поен за десетка. За да се исплати целата мака и трудот кој го вложив. Не заслужувам толку строго да ме казните!“ - извикав јас возбудено, со надеж дека правдата ќе биде задоволена.

„Колега тоа е оценето според клучот. Вие сте положен и имате висока оценка, јас знам дека навистина не е фер да сте толку блиску до она што сте го посакувале и до она за кое сте работеле, но јас вас морам да ве научам да не грешите инаку како ќе научите. Ако не ве скратам вие секогаш ќе се потпирате на тоа дека ви е дозволен мал лапсус и никогаш нема да се приближите до максималната точност. А, во инженерството се бара што е можно поголема точност, вие тоа добро го знаете.

Знаете тоа е исто како кога цвеќарот прави букет од рози. Во очите на оној кој не го гледа крајниот производ, цвеќарот е лош човек кој ги крати дршките на розите и ги сече трњата, притоа уништувајќи ја првичната форма на цветот. Но, за оној кој може да го види крајниот производ, еден букет кој визуелно изгледа феноменално, сето тоа има смисла. Јас денес ќе ви ги скратам тие поени за да вие наредниот пат се стремите да освоите не пет, туку да напишете и многу повеќе од тоа.

Мојата улога тука е слична на примерот кој го дадов, јас морам да ве обликувам и насочам да вие бидете еден краен производ кој секој работодавец ќе сака да го вработи. Нема ништо страшно, вие сте добри, наредниот пат ќе бидете уште подобри“ - ја затвори тетратката, ме погледна смирено и продолжи да пие од својот пијалак.

Јас немав што да кажам, ја напуштив просторијата и некако ја снема целата нервоза. Размислував за неговите зборови, за црвените коригирани делови во мојата тетратка и за неговата методологија на усовршување.

На крајот на денот сфатив дека тој поен кој недостига е мојата награда која само ќе ме мотивира и натера, ако не ништо друго од чист инает, наредниот пат да бидам што е можно попрецизен и да научам да не грешам кога тоа не е потребно.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg