Успешните не се занимаваат со зборовите на малите мозоци

Секојдневно додека постоите ќе наидувате на луѓе кои имаат една цел во своето живеење, да го расипат денот на другите. За жал колку и да се обидувате да ги одбегнувате секогаш ќе налетувате на такви едноклеточни суштества полни со завист, љубомора, полни со предрасуди и со една единствена преокупација, да завидуваат на туѓиот успех.

zosto-lugeto-zaviduvaa-na-tugiot-uspeh-01

Додека растев не можев да го разберам хуморот на нашиот сосед кој знаеше да каже „Ако ти е комшија ископај му ги очите, но ако ти е брат, копај подлабоко“. Тогаш не можев да разберам и само ги превртував очите, замислувајќи ја таа одвратна слика во главата, си мислев зошто воопшто го зборува тоа?

Како што изминуваа годините, секојдневно бев сведок на тие зборови. Луѓето, барем оние кои живееја на ова парче земја, обожаваа да ги „вадат“ очите на соседите, на блиските, на пријателите, на роднините, на сите оние кои беа поуспешни од нив. Ретки беа оние кои се радуваа на туѓиот успех, а се помногубројни оние кои завидуваа на нечие издигнување над просечното.

Секогаш беа тука да ви кажат дека не можете, секогаш тука да ви подметнат лажна насмевка и совет кој нема да ви користи. Секогаш беа присутни да се насладат на вашите маки и солзи додека го одите трнливиот пат до целта, секогаш присутни да се ситат на вашиот неуспех за да можат да ви се изнасмеат во лице.

Тие ги знаеја сите приказни за вас, дури и оние кои вие сами не ги знаете, обожаваа да ве озборуваат вас и вашите најблиски, ќе пукнеа од мака што не можат да ви се фатат за малиот прст, но тоа никогаш не го признаваа.

Наместо да се насочат на усовршување на себеси, тие беа насочени да ве оцрнат вас и да го уништат по секоја цена она што вие макотрпно сте го граделе.

Кај нив не постоеше зошто, едноставно тоа беше нивната безвредна задача во животот, ако денес не беа зафатени со вас, ќе беа со некој друг обидувајќи се со зборови да го погазат она што го докажуваат вашите дела и успеси.

Таквите луѓе беа неуморни, најгласни во сите дискусии иако честопати немаа ништо паметно за да кажат. Обожаваа да озборуваат и да испраќаат лажни, лицемерни насмевки кои ќе ви ја огорчат душата.

Се прашувам која беше користа од целата таа мака?

Дали тоа ќе ве направи подобри? Дали тоа ќе ве направи поуспешни?

Дали тоа ве издига, ви го пумпа егото и ве прави да се чувствувате моќни?

Зарем не можеа да сфатат дека оној кој неуморно се движи напред, поминувајќи ги нив и сите слични на нив и нивните безвредни зборови, секогаш ќе биде пред нив и ќе го гради својот пат до успехот?  Зарем не сфаќаа дека оној кој е успешен нема време да се занимава со зборовите на малите мозоци?

Зошто едноставно не се приклучеа кон тој успех и извлечеа мотивација која ќе ги натера и тие да направат нешто повеќе од себе, да постигнат нешто повеќе од себе, да се стремат да го разбијат просечното и да го остварат невозможното. Зарем толку беше тешко да испратиш искрена честитка и вистинска насмевка на нечиј успех?

Зошто постоеше тој деструктивен момент во карактерот на луѓето, зошто?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg