Колку убаво звучи кога ќе си кажам „Само уште пет минути“...

Повторно истиот звук на алармот и една душа која полека спие во својата постела. Повторно ново утро и сите мисли кои надоаѓаат со будењето, како крвожедни зверки, за да нè потсетат на сите обврски кои нè очекуваат тој ден. 

kolku-ubavo-zvucese-koga-ke-si-kazev-samo-uste-pet-minuti-01

Одново ќе го слушам шефот кој вика за сенешто, повторно колегите ќе ми лепат лицемерни епитети само за да помине времето. Одново е нов ден. 

Го слушам звукот на алармот и немам намера да го сопрам. Ѕвони одново и одново, како да негодува на мојата утринска мрзеливост. Можеби бев единствениот но секое утро, во главата си велев „Само уште пет минути“ и повторно ја заривав главата во перницата.

Можам да кажам дека во тој момент удобноста на креветот растеше право пропорционално со изминувањето на времето, а постелата беше топла како врело џакузи од кое едноставно не можеш да се одделиш. На моето тело не му требаше ништо друго различно од таа мека постела.

Тие пет минути, целиот мој живот, ги носеа најубавите соништа и најтешките дилеми, дали да останам во кревет и да смислам некоја глупава причина за моето нестанување или да престанам да бидам дете и да бидам возрасната личност која се справува со обврските.

Заради тие пет минути ќе задоцнев на работа и ќе ги смислував најглупавите изговори срамејќи се да признаам дека сум бил мрзелив и не сум можел да се одвојам од постелата. Тие беа како сладок грев за кој бев свесен дека не смеам да го правам, а сепак уживав додека крадев сон од времето кое не беше предвидено за спиење.

Најстрашно од сè е што секогаш траеја повеќе отколку што велеше нивното име и  токму затоа секое утро настануваше брканица во мојот дом.

Ќе ми претечеше кафето кое сум го заборавил, брзајќи да ја наместам косата пред огледалото, ќе ги облечев чорапите наопаку и ќе немав време да ставам парфем па тоа го правев трчајќи кон постојката, каде по сите правила ќе ми избегаше автобусот.

Ќе останев без утринската цигара и ќе го пцуев секој еден црвен семафор и секое друго одолговлекување кое само го зголемуваше моето време на доцнење. Сето тоа поради петте минути кои одлучував дека треба да ми се случат секое наредно утро.

Но, на крајот на денот тие беа како мое бунтување кон сите обврски кои сакаа да украдат дел од мојата безгрижност, иако знаев дека тоа треба да престане бидејќи веќе не сум дете, јас уживав во нивното постоење. 

Секогаш кога ќе заѕвонеше алармот иако знаев дека не смеам, јас дрско ќе притиснев „snooze” и без грижа на совеста ќе уживав во реченицата која носеше еден вид на спокој...

 „Само уште пет минути“...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg