Кога последен пат сте ги прашале родителите дали се добро?

Една од најлошите работи во животот која ја прави секој од нас е тоа што љубовта на родителите ја земаме здраво за готово. Нивните ликови ги гледаме од првото прогледување, начинот на кој грижливо нè нишкаат во креветчето и некако си мислиме дека нивниот престој на земјата е еднаков со љубовта која ја имаат за нас – неограничено.

Koga-posleden-pat-ste-gi-prasale-roditelite-dali-se-dobro-01.jpg

Па неретко, свесно или несвесно, не ги цениме доволно. Ги занемаруваме, ги игнорираме. Ги ставаме на последно, наместо на прво место.

Забораваме да им се јавиме откако сме стигнале некаде по некое долго патување, иако тие будно го очекуваат повикот, седејќи „на игли“, со треперливо срце, мислејќи само дали сме добро.

Понекогаш не им креваме на телефон бидејќи сме уморни и не ни е дојдено до муабет, а најчесто разговорите ги завршуваме кратко, бидејќи секогаш имаме нешто друго на агендата, секогаш работиме нешто, брзаме некаде.

А тие се упорни и издржливи, имаат нерви и трпение, но многу повеќе од сè друго – имаат огромни срца. И тие чукаат само за нас, додека молчаливо си разгледувате во телефонот и не им обрнувате грам внимание.

Да не се сфатиме погрешно, и јас сум една од нив. Јас живеам со мислата дека родителите ќе ме надживеат, дека засекогаш ќе бидат покрај мене. Бидејќи тие се тука, нè делат само 20 минути пат, само еден краток телефонски повик или порака, а кога личностите ви се блиску и секогаш достапни, никогаш не ги цените доволно.

Па така заборавате да ги прашате како се, им треба ли нешто, целосно преокупирани само со сопствените проблеми. Тие слушаат, вие зборувате и се жалите, тие ве тешат, вие уште толку се раздразнувате бидејќи сметате дека не ве сфаќаат. Кога последен пат сте ги прашале родителите дали се добро?

Нема да ги купите со скапи подароци, бидејќи тие копнеат по внимание и малку разговор.

Запаметете дека на овој свет, никој никогаш нема да ви мисли подобро од сопствените родители. Никаде нема да пронајдете толку љубов и разбирање на ниту едно место, од никого. Никогаш нема да ви го завртат грбот, макар ги изговориле најлошите погрешни и погрдни зборови.

На крајот од денот, нивната врата е секогаш отворена, како и нивното срце.

И крајно време е да им се посветиме и да започнеме вистински да ги цениме. Телефоните, работата, брзањето, едноставно ќе мора да почекаат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg