Mи недостасува мојот потпорен ѕид, мојот другар, мојот брат...

Се сеќаваш на првиот школски ден, седевме во иста клупа. Ми зборуваше за твјот нов прибор со шарени боички, за твојот ранец со Бетмен, па се скаравме за тоа кој ранец е подобар, бидејќи мојот беше со Супермен, уште тогаш бевме тврдоглави.

mi-nedostiga-mojot-potporen-zid-mojot-drugar-mojot-brat-01

Се сеќаваш ли на првото наше бегство од часови и првото пиво кое го испивме после таа наша мала авантура? Казната која ја добивме од нашите кога класната ги извести за нашата непослушност?

Се сеќаваш ли како го закачивме автомобилот на татко ти додека враќаше во рикверц и со раце се обидувавме да го исправиме искривениот браник?

Се сеќаваш ли сè уште на сините очи на девојката од другиот клас која те излудуваше до максимум и не можеше да функционираш, беше целосно изгубен? Ги помниш ли сите ветувања, првиот пат кога ги лажеше моите за да ги покриеш моите глупости?

Се сеќаваш ли на првото повраќање после шестата часа Jameson, на мојата прегратка кон патот до дома, на нашите долги разговори? Нашето прво излегување во дискотеката и првата тепачка таму…

Се сеќаваш ли на првиот бакнеж, твоето скршено срце, солзите за љубовта и непристојните разговори за првите сексуални искуства, за девојката која ја обележа вечно?

Се сеќаваш ли на нашето пријателство, нашите различни животи кои одлично беа сублимирани во еден? Се сеќаваш ли на мене пријателе, твојот другар?

Додека возам накај местото каде што израснавме, помеѓу овие две бели линии, патот буквално ми се одбива од главата, како некој режисер да монтирал тажни сцени од нашиот заеднички живот.

Како се изгубивме?

Зошто животот сакаше да направиме пријатели за подоцна да ги изгубиме, зошто сега сè тоа само се едни сеќавања кои предизвикуваат болка? Зошто патиштата на двајца блиски мораат да се разминат кога годините ќе поминат?

Зарем сите гребаници, скршени коски, заеднички лузни, зборови, пцовки, моменти да останат само сеќавања? Зарем да бидам само странец кога ќе затропам на твојата врата?

Не знам дали некогаш ќе успеам да сфатам зошто животот мора да се одвива на тој начин и зошто веќе не јадеме од иста чинија и не го делиме последното парче леб... Нема да знам што ти се случува и зошто тоа ти се случува, нема да бидам тука да ја запалиме првата цигара како некогаш. Но, знам дека ќе ми недостасува начинот на кој јас се чувствував во таа заедница.

Ќе ми недостига мојот потпорен ѕид, мојот другар, мојот брат, секогаш кога ќе ги отворам албумите. Ќе раскажувам дека животот не е фер и дека некои работи едноставно не се во наши раце, ние немаме моќ...

Да беше поинаку сега би седнал тука до мене, би зборувале одново и одново за сите работи кои не мачат, додека сонцето заоѓа зад планините, се отсликува во водата, ми го осветлува лицето и ме тера да пуштам солза. Солза за нашето братство кое го снема како сонцето после прекрасниот залез.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg