Експерти, чекам инструкции како да го живеам мојот живот

„Погледни го, луѓето одат на работа, а тој сега се прибира дома, пијаничиште, наркоманиште, го запусти целиот углед на неговата фамилија. Забележа дека секој ден кај нив дома доаѓа една девојка? Сигурно е трудна, не сакаат ништо да кажат, ама чувствувам ќе има свадба. Неспособниот бил способен да ја напумпа кутрата девојка, богами ѝ го запустил животот.

eksperti-cekam-instrukcii-kako-da-go-ziveam-mojot-zivot-01

Кој знае во какви матни бизниси се пикнал, уште од мало беше такво, дедо му директор на гимназија, татко му со многу пријатели на факултет, само со врски поминуваше насекаде, го запустија детето. Колку успешно можеше да биде, а види го, расипикуќа, наркоманиште.”

Се прашував дали некогаш ќе престанат тие ваши пештери да раѓаат змии отровници кои го расипуваа расположението. Дали некогаш ќе престанете да живеете во нечиј туѓ живот и да глумите праведни светци кога бевте клети во душата и гнасни во своите намери.

Колку етикети ми залепивте, колку приказни измисливте, колку ја исфилувавте тортата за да имате супер дневен трач?

Се оженив?

Се предозирав?

Кажете ми за да бидам во тек со мојот живот, некако ми бегаат сликите, вие знаете подобро од мене што ми се случува бидејќи за сè имате одговор. Никогаш не ме прашавте зошто се враќам во шест часот на утро, а јас никогаш не ви кажав дека таква е третата смена во дискотеката каде работев како келнер.

Ја оцрнивте девојката која доаѓаше во мојот дом без да знаете дека таа е припомош која го чува дедо ми, додека нас нè нема. Зборувате за сите мои успеси, препишувајќи ги на пријателски врски без да знаете колку пот и труд сум вложил да ги остварам истите. Ве боли тоа што работам и сум успешен на секое поле. Љубомората ќе ве убие еден ден.

Има ли епитет кој не ми го залепивте, има ли заплет во вашата сапуница во кој не ме вмешавте?

Треба ли да продолжам со факултетот?

Треба ли да ѝ кажам дека ја сакам?

Треба ли да продолжам со сите успеси или да се откажам?

Експерти, вас ве прашувам, вие кои дежурно го следите моето живеење, немојте да мислите дека не се чувствувам поласкано, очигледно сум многу интересен лик штом толку сте ми се запнале.

Отворете ги вашите злобни души, осудете ме за секоја постапка, кажете ми дека треба да се оженам, дека не треба да го живеам животот со полна пареа. Дека треба да се откажам од своите соништа, бидејќи за вас се незамисливи. Наметнете ми го вашиот стил и вашите замисли за животот. Вашите комплекси и пропаднати идеи, вашата неостварена смисла за животот.

Ајде експерти советувајте ме што да направам, извршете ја промената која јас не знам да ја направам. Не бидете само празни воденици, помагајте заедно да го спасиме овој храм на сатаната.

Бидете очајни, со идеи кои нема да ги послушам, со обиди кои нема да ме променат, со лажни приказни кои нема да ме потресат. Бидете сезнајковци кои сакаат да управуваат туѓи животи за да можам да ви покажам дека никогаш, ама баш никогаш нема да отстапам од себеси.

Сите тие погрдни зборови кои ги наддавате без да ме познавате само ме прават да стојам исправено и да ви ја гледам површноста во очите, празнината во вашите тела и желбата да бидете во центарот на вниманието без никакви квалитети.

Епа, мои дежурни експерти, имајте на ум - сè додека сте тука никогаш, ама баш никогаш нема да се променам, не за друго, обожувам кога ве нервирам!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg