Животот е како филм, ако нема конфликт, завршува...

Многупати  додека заспивам, кога ќе ги затворам очите, кога ќе ја премотам лентата во мојата глава и ќе ми поминат сите дневни збиднувања, знам да си ги поставам најтешките прашања за кои најчесто нема одговор.

ako-nema-konflikt-filmot-zavrsuva-01 2

Знам да се присетам на сите можни сопки на животот и сите можни преплети во моето секојдневие кои едноставно се замор за мојата психа и моето тело. Знам да се запрашам „До кога животе, до кога ќе мора да се случуваат сите овие нешта, нели можам едноставно да бидам... среќен?“.

Ќе ги затворам очите и само ќе посакам да се разбудам со сите одговори, но другиот ден повторно истото, а одговор нема. Внатрешните гласови ги одбегнуваат тие прашања, соништата имаат други слики, не оние кои ми се потребни. Зошто се случуваат сите тие одвратни сцени кои комплицираат сè? Зошто?

Се сеќавам дека седев на предавање, последни блок предавања во петок навечер, напорен ден, со душа чекав да си одам дома. Мозокот ми леташе некаде, бидејќи подолго време решавав само проблеми, немаше ден да нема некој посериозен проблем, бев изморен.

Колегата забележа дека во последно не сум при себе и ме запраша: „Што не е во ред со тебе?“.

„Како да не знаеш, животот што може да биде, секојдневието и луѓето кои ги познавам околу мене со сите свои заплети, како да им нема крај, како да не можам да живеам без конфликти, без пречки во секојдневните активности, како да нема ден а да не ми е загрозена среќата. Како да ја носам тежината на цел свет... “ - одговорив јас со шепотење.

Тој не рече ништо, ме застана на крајот од предавањата на страна, ме погледна во очи и ги кажа можеби најправилните зборови, оние кои јас не можев да ги поврзам за да си одговорам.

„Ако нема конфликт, филмот завршува, свесен си? Ако нема такви случки, ќе нема никаква динамика, никакво дејство, ќе биде досадно, плитко, ќе нема приказна која е конзистентна и интересна за следење. Зарем сакаш да живееш во досада?

Сите тие нешта кои ги нарекуваш пречки кои служат да те оттргнат од среќата, се конфликтите кои ја прават твојата животна приказна подинамична, поинтересна, во таа режија на животот ти си главната улога. Херојот кој мора да го најде решението. Си видел ли некој херој да се откаже?

Дури и невозможното за нив е возможно, но така е и со животот, треба да сфатиш дека што и да се случи, ти може да го надминеш. Не е лесно, но не и ненадминливо. Никој од нас не го знае сценариото, туку тоа е улога на слободен ум, играш по непознато сценарио со сопствена импровизација, но запомни ако го нема сето тоа, тоа значи дека не живееш.

Како што има добар, подобар и најдобар филм, луѓето соочени со многу конфликти и пречки имаат тенденција за богата животна приказна која ќе ги направи посилни. Не се измачувај, ти можеш да постигнеш многу. Спиј мирно навечер.“ - ме потапка по рамото и си замина.

Јас размислував за главната улога во моето сценарио, за конфликтите и за сите шпански сапуници.

Колку и да звучеше смешно и невозможно, мораше да има заплет,некаков конфликт, кој од кој полош за да има повеќе епизоди, ако се беше како од бајка, навистина филмот бргу завршуваше.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg