Децата нема да го залепат скршениот брак

Децата се како огледало на вашиот брак. Доколку имате среќен, квалитетен и хармоничен брак многу веројатно е дека и вашето дете ќе ги рефлектира овие карактеристики.

Decata-nema-da-go-zalepat-skrseniot-brak-01.jpg

Доколку сте несреќни, раздразливи, скршени и уморни, полни гнев и депресија немајте сомнеж дека детето како сунѓер ги впива сите овие емоции и ќе се изгради во личност многу слична на она кое го гледа секојдневно.

Вистината е дека децата гледаат и слушаат многу работи, па колку и да се обидувате да ги скриете солзите или лутината, тие ја насетуваат вашата тага. Оттука почнуваат да оформуваат некакво мислење и сфаќање за тоа како (треба да) функционираат работите под еден покрив.

Па така, меѓусебното незборување на родителите кое со провлекува со денови почнуваат да го толкуваат како нормално, па дури и пожелно однесување.

„Бидејќи така правеа мама и тато“, токму тоа им поминува низ главите, а штетата која настанува понекогаш е многу тешка за искоренување или поправање.

Понекогаш, иако поретко, сфаќаат дека работите не се баш розови и еден здрав однос помеѓу сопружниците не треба да функционира баш така како оној дома. Ваквото откровение вообичаено се случува кога почнуваат поинтензивно да се дружат со некое другарче и голем дел од времето го поминуваат кај него дома.

Доколку таму семејството функционира понормално, детето одеднаш сфаќа дека нешто не е во ред кај него дома. Нема викање, нема трескање врати, нема кавги и високи тонови или незборување со денови. Емоциите кои се мешаат се срам и лутина зошто дома не може да биде вака.

Кога веќе сте решиле да имате деца, вистински научете го значењето на зборот компромис и сочувство. Бидејќи вистината е дека треба да жртвувате малку од својата себичност „за мир во куќата“. Никој не вели дека треба да трпите насилство или да глумите непостоечки емоции.

Едноставно променете го менталниот склоп, направете мали отстапки, понекогаш попуштете или премолчете, а понекогаш и другиот партнер ќе го стори истото.

Никаде не се стигнува со главата во ѕид, а подготвеноста да се подига семејство бара храброст, разбирање, поддршка и жртви.

За да биде детето добро, првенствено треба бракот да е добар. Во спротивно, детето нема да ги реши проблемите, напротив, ќе ги продлабочи.

Имањето дете не е решение на лошиот однос помеѓу двајца луѓе и дефинитивно не треба да се третира како лепило за скршен брак.

Па, направете му услуга на светот и на тоа мало златно неродено суштество. Ако имате лош брак, воопшто и не правете го.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg