„Децата не помнат кој го донел најскапото пакетче и дали украсите се нови – На што се сеќаваат?“

Знаете ли што нема да помнат децата кога ќе пораснат? Кој го донел најскапиот подарок (најскапото пакетче). Дали украсите се исти веќе трета година за ред. Дали декорацијата е усогласена со бојата на завесите... А, на што се сеќаваат? Кои спомени ви се најдраги од божиќните празници во детството?

decata-ne-pomnat-koj-go-donel-najskapoto-paketche-i-dali-ukrasite-se-novi-na-shto-se-sekjavaat-01.jpg

Сите се радуваме на празниците што се пред нас, а родителите секоја година по ред се трудат да направат сѐ за овие празници да бидат повпечатливи и поубави од минатата година.

А, во последните години наназад се чини дека сите се трудиме да се надминеме себеси. Како да не можеме да се наситиме на изборот и можностите што се пред нас.

Нови елки, нови украси секоја година, скапи пакетчиња, од различни брендови и во различни големини, најубави фотки на Инстаграм, предновогодишни фотосесии, планирање до детаљ на празничната трпеза... Но, дали сето тоа е неопходно?

decata-ne-pomnat-koj-go-donel-najskapoto-paketche-i-dali-ukrasite-se-novi-na-shto-se-sekjavaat-02.jpg

На Инстаграм профилот „Zelena ucionica“ е објавен краток список за тоа што децата воопшто не го помнат од новогодишните празници, а што е она што ќе им остави траен впечаток.

Убаво би било сите да размислиме за овие поенти пред да се фрлиме на огромни планови за тоа како да го разубавиме празничниот период и да го направиме незаборавен.

Знаете ли што нема да помнат децата кога ќе пораснат?

  • Кој го донел најскапиот подарок (најскапото пакетче)
  • Дали украсите се исти веќе трета година за ред
  • Дали декорацијата е усогласена со бојата на завесите
  • Дали божиќната трпеза е фотогенична
  • Дали имаме професионална божиќна фотографија (или само обична)

decata-ne-pomnat-koj-go-donel-najskapoto-paketche-i-dali-ukrasite-se-novi-na-shto-se-sekjavaat-03.jpg

Знаете ли што сигурно ќе запомнат?

  • Истите украси, секоја година
  • Писмата што заедно му ги пишувате на Дедо Мраз
  • Божиќните колачиња што заедно ги подготвувате
  • Друштвените игри за кои секогаш во периодот на празниците имате време
  • Возбудата на мама додека го отвора подарокот од тато (и обратно)

Обидете се да се навратите на новогодишните и божиќните празници од сопственото детство и ќе сфатите дека во овие тврдења има голема вистина.

Сигурно сѐ уште ја помните старата изретчена елка, која секоја година одново и одново го заземаше централното место во домот, бонбоните кои висеа на неа, но и стаклените лампиони кои уредно се собираа во кутија за секоја наредна година.

decata-ne-pomnat-koj-go-donel-najskapoto-paketche-i-dali-ukrasite-se-novi-na-shto-se-sekjavaat-07.jpg

Сигурно сѐ уште се сеќавате на мирисот на божиќните колачиња, ванилиците и ежињата што се правеа во минатото.

Помните колку убаво си поминувавте додека на топло во домот со родителите и најблиските игравте „Не лути се човеку“, „Монопол“ или карти...

Празничните фотографии најчесто беа со Дедо Мраз и со соучениците во училиштето и во градинките.

decata-ne-pomnat-koj-go-donel-najskapoto-paketche-i-dali-ukrasite-se-novi-na-shto-se-sekjavaat-06.jpg

Времињата се менуваат и убаво е да се менуваат.

Убаво е тоа што денес имаме голем број нови можности за забава, што имаме избор што сакаме да правиме, какви украси да ставиме, каква елка да украсиме или какви колачиња да направиме.

А за подароците, запомнете дека највредното нешто што можеме да им го подариме на нашите деца е времето.

Време за игра, време за забава и неподелено внимание – да знаат дека празниците се наменети за љубов и за семејството.

decata-ne-pomnat-koj-go-donel-najskapoto-paketche-i-dali-ukrasite-se-novi-na-shto-se-sekjavaat-04.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...
„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми о... „На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше...
Татјана Стојановска за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам професорка кога ќе пораснам“ „Мој соученик од основно ми беше прв симпатија, но го немам видено од 8 одделени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg