Доза носталгија: Чудни стравови кои ги имавме во '90-тите
Децата пораснати во '90-тите поминаа низ огромна револуција - од времето кога компјутерите и телефоните не беа секојдневност, кога на телевизија имаше само неколку канали и кога времето ни беше пополнето со измислени игри, до огромни промени во технологијата за кои и тоа како ни требаше време да се прилагодиме.

Како и секое дете, така и децата од '90-тите имале свои стравови. Многу теории на заговор кои ги слушавме од нашите родители, до денес ни се појавуваат во кошмарите, но за голем дел од нив, сега само слатко ќе се насмеете.
Ако сте дете од '90-тите ќе се препознаете во речиси сите овие „стравови“:
1. Кога ќе дознаеш дека некој ти го прочитал дневникот.

2. Кога треба да ги кажеш имињата на сите симпатии пред другарките, додека си „гледате“.

3. Кога ќе сфатиш дека некој од семејството ти го слуша разговорот преку другиот телефон.

4. Кога ќе те натераа да кажеш Блади Мери три пати пред огледало.

5. Кога мислевме дека светот ќе заврши на полноќ, на последниот ден од 1999-та година.

6. Кога имавме кошмари од „Courage the Cowardly Dog“

7. Кога игравте криенка и толку добро ќе се сокривте, што додека да излезете, ве заборавиле и продолжиле со нова игра.

8. Страшни порцелански кукли насекаде низ домот, посебно тие со мелодија и што трепкаа.

9. Повикување на духови со пријателите, кога не смееш да покажеш дека ти е страв, а всушност се молиш навистина да не се појави дух.

10. Кога скришум се вклучуваш на интернет, затоа што твоите родители ќе те караат ако се вклучиш кога е скап интернетот.

11. Кога бевме скептични да отвориме било каков видео клип што ќе ни го покажат пријателите, затоа што знаевме дека завршува многу страшно.

12. Кога секоја година се зборуваше дека метеор ќе ја уништи Земјата.

13. Дека додека некој ве брка со пластичен пиштол, ќе ве погоди во око со меките куршуми (дијаболи).

14. Дека некој ќе ве измачка со торта откако ќе ви ја испејат „Happy Birthday“.

15. Кога требаше запчињата што ни се клатат да ни ги вадат со конец.

16. Кога после филмот „The Truman show“ мислевме дека цел живот ни е реално шоу.

17. Кога се плашевме од напуштени куќи, затоа што за секоја имаше некоја страшна приказна поврзана со духови, кои сè уште живеат таму.

18. Сите сцени од филмот „Jumanji“.

19. Страв дека твоите другарчиња пред тебе ќе ги соберат сите сликички од омилениот албум.

А. В. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи
Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Вчера се вратив во Скопје - Зошто засекогаш ќе останам турист кој „трча“ за да искуси сè од дестинац...
Не сум јас човек кој некогаш би си кажал: „Леле, што убаво се наспав и одморив н...
Носталгија: Насловни страници од ИКЕА каталозите низ годините – колку се променија трендовите за уре...
Од традиционалниот винтиџ стил со дрво во 50-тите години, до топлото уредување в...
Некогаш праќавме разгледници, денес фотки на Вибер - 7 илустрации колку се смени летувањето низ годи...
Порано можевме целосно да се исклучиме од работа кога одевме на одмор... Но, ден...
Носталгични илустрации кои ќе ви навратат спомени од времето поминато кај баба и дедо на распуст
Кога баба ќе ни го направеше омилениот појадок со чаша млеко, па брзински излегу...
10 докази дека вековите минуваат, а проблемите на луѓето остануваат исти (низ илустрации)
Родителите и понатаму мачат исти маки со децата, жените секогаш се жалат дека не...
