„Среќен 2-ри роденден злато мое, мама те сака до небото“, зошто вакви честитки на Фејсбук?

Упс, вашето дете нема Фејсбук, нема да ја прочита оваа честитка, а нели за него е наменета? Која е поентата?

srekjen-2-ri-rodenden-zlato-mama-te-saka-do-neboto-zoshto-vakvi-chestitki-na-fejbuk-01.jpg

„Среќен роденден злато на мама, ти си ни најголемиот благослов, те сакаме со тато и ти ја посакуваме целата среќа на овој свет. Твојата насмевка ни е светлина. Денот кога се роди е денот кога ни се промени животот. Ова е твој ден, среќен 2-ри роденден. Две години среќа, една полна вреќа“, читам на Фејсбук и збунета сум.

Детенцето нема Фејсбук, нема да го прочита ова, плус и не знае воопшто да чита. Која е потребата од честитање на роденден на нашите деца на социјалните мрежи?

Навистина не сум хејтер и сакам прекрасни семејни фотки и манифестација од различен тип за најсветата љубов што постои родители – дете, но навистина нема потреба на вашето дете да му го честитате роденденот на Фејсбук со лично обраќање до него. Која е целта? Да нагласите колку многу го сакате, светот да чуе за тоа?

Па, јасно е! Сите родители ги обожаваат своите деца, се топат од емоции при секој нивен поглед, им посакуваат најубави желби и за нив животот би го дале. Нема потреба да го докажувате тоа со трогателни Фејсбук објави.

Ако сакате да го одбележите роденденот, доволно е да ставите фотографија од вашето малечко и да напишете дека полни 2 годинки или пак заедничка семејна фотка од прославата. Тоа е мелем за очи.

Ова бесмисленава честитка е толку чудна, што дури иритира. Па, потоа и сите тие тон коментари оддолу: „Сонцето да е живо и здраво, големо да расте, го сака тетка Јасна“, исто така се чудни. Сонцето ќе ја почувствува таа љубов кога тетка Јасна ќе појде на гости, ќе го прегрне и можеби ќе му купи интересна играчка, а не кога ќе му пише на Фејсбук дека многу го сака. Сонцето не е свесно за тоа. Нема Фејсбук. Нема потреба од честитки со директно обраќање.

Или пак оние фотки од типот, каде детето само раскажува каква активност имало. Прикачена фотографија од детенце во двор со неговото кученце и опис: „Ова е мојот пријател Борко, многу сакаме да трчаме заедно“ или фотографија од кугланата: „Јас сум шампион во куглање, денес поставив рекорд.“

Па, потоа низа хаштази кои се користат апсолутно за секоја фотографија од детето: #mysunshine, #babylion, #theloveofmylife, #myhappiness, #familygoals итн.

Наместо да трошите време да пишувате емотивна роденденска честитка на Фејсбук која ќе ги трогне сите вашите виртуелни пријатели и ќе соберете 300 лајкови и 70 коментари, времето потрошете го попродуктивно сервирајќи му љубов на вашето дете. На пример годинава сами направете му пињата во форма на неговиот омилен Дизни лик, полна со слатки изненадувања, и со тоа донесете насмевка на неговото лице. 

Таа честитка за роденден вашето детенце ќе ја разбере и цени, се разбира, зачинета со цврста прегратка и тон бакнежи.

#СРЕЌА, #РЕАЛНОСТ, #МОМЕНТИШТОСЕПАМЕТАТ

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Другарка ми остана бремена, само за да направи забава за откривање на полот и мини свадба за прв род... Драги мои, неверојатно е колку модерното време ни ги промени животите. Сите оние...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg